Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Ерос Рамацоти допре до срцата на скопјани (ГАЛЕРИЈА)

ДРАГАН ПЕРКОВСКИ / ПОПУЛАРНО.МК

Музика

Ерос Рамацоти допре до срцата на скопјани (ГАЛЕРИЈА)

Неверојатна сценска опрема која за првпат се поставува во А1 арената во Скопје и озвучување кое произведува феноменален звук ги фасцинираше илјадниците посетители на концертот на Ерос Рамацоти вчера во Скопје.

„Не мора да знаеш италијански за да те допре музиката на Ерос“ велеа посетителите кои уживаа во новите, но и во безвременските хитови на италијанскиот шмекер.

Пејачот го започна концертот со водечката нумера од неговиот нов албум „Vita ce ne“, потоа следуваа уште неколку песни од последниот музички материјал како „Per il resto tutto bene“, „Stella gemella“, „Favola“ и други.

„Добровечер Скопје! Имајте добра забава!“, изговори Ерос, по што публиката возврати со аплауз.

За време на концертот преку видео инсерти Рамацоти потсети за важноста да ја заштитиме животната средина, потенцирајќи на пластиката која на годишно ниво во милиони тони завршува во морињата, но и за загадениот воздух.

– Процените се дека до 2025 година ќе има повеќе пластика отколку риби во водите – стоеше испишано како крајна порака по едноминутното видео.

На концертот присуствуваше и претседателот на државата, Стево Пендаровски, во присуство на својата сопруга.

Погледнете дел од атмосферата низ објективот на нашиот фотограф Драган Перковски:

This slideshow requires JavaScript.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.