Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

39 настани за 39-тиот роденден на Центарот за култура во Битола

Настани

39 настани за 39-тиот роденден на Центарот за култура во Битола

39 настани за 39-тиот роденден на Центарот за култура во Битола

„Културно мени“ е насловот на програмата за овогодинешниот 39-ти роденден на центарот за култура во Битола. На менито има 39 настани кои вклучуваат театарски претстави, изложби, концерти, промоции на книги и кино проекции, со тоа што очекуваат голем број на посетители од целата држава.

“Кај нас културата се создава и се претставува. Нашиот простор живее секој 1 ден и така е 365 денови во годината. Но, овој октомври славиме 39 години од битолскиот храм на културата, така што месецот има 31 ден, но ние ќе имаме 39 настани посветени на нашиот роденден. Сите љубители на културата ги покануваме да бидат дел од нашето богато мени” – вели  Маја Андоновска-Илијевски, директорка на НУ Центар за култура-Битола.

По повод роденденот гостуваат Театар Комедија од Скопје и Неда Арнериќ и Феџа Стојановиќ од Белград во тетатарската програма. За детската театарска публика во програмата е  Интернационалниот детски фестивал „Битолино” со девет настани и шест тетатарски претстави. Во низата театар е и новиот театарски проект на независниот Театар Дел Арте.

Филмската програма е исклучително богата, во која освен блокбастерите кои ги планираат за овој октомври, ќе понуди неколку проекции на Европски филмови кои имаат посебно значење за оваа институција, ќе има недела посветена на Иранскиот филм. Особено интересен е Детскиот филмски фестивал под името “Мала школа за краток филм” за најмладата публика како дисперзирана програма на филмскиот фестивал во Нанси, Франција. На големо се најавува и проекцијата на филмот “Враќањето на Бувие” на Јордан Плевнеш кој ќе се реализира во соработка со Францускиот институт од Скопје и Француската Алијанса од Битола.

Три изложби се посочени во културното мени, најавен е и големиот концерт на националниот ансамбл Танец, како и еден концерт на класична музика на гитаристот Марко Цветковски.

Во овој роденденски календар е ставена промоцијата на книгата “Кларинетот и кларинетистите во сериозната музика” чиј автор е познатиот битолски музичар Благојче Трајковски.

Овој интензивен месец со настани во Центарот за култура е одлична најава за богата есенска програма која ќе биде одличен вовед за Фестивалот на музика од светот кој од 15-ти до 17-ти Ноември ќе се одржи по 11-ти пат. 

Наскоро Центарот ќе ја објави  програмата поврзана со овој интересен фестивал, за кој во план се гостувања на две исклучителни музички ѕвезди, еден бенд составен од врвни музичари од нашата земја, како и Камерниот оркестар од Битола.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Настани

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.