Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Почнува 4. Меѓународен филмски фестивал „Киненова“: Подгответе се за вистински филмски изненадувања

МК Сцена

Почнува 4. Меѓународен филмски фестивал „Киненова“: Подгответе се за вистински филмски изненадувања

4-от Меѓународен фестивал на дебитантски филм „Киненова“, почнува вечерва и ќе трае до 13 октомври.

Во кино „Милениум“ со проекција на „Господ постои се вика Петрунија“ во 18 часот неофицијално почнува годинашната програма, додека официјалниот дел е закажан за 20 часот со свеченост на која ќе биде доделено признанието за посебен придонес во светската филмска уметност, чиј лауреат годинава е актерката Тања Бошковиќ и проекција на филмот „Таткото“ на бугарските автори Кристина Грозева и Петар Валчанов.

Претседател на жирито што ќе одлучува за годинешните фестивалски награди е истакнатиот руски документарист Витали Мански, кој е еден од најконтроверзните светски филмски автори. Неговиот филм „Путиновите сведоци“, кој е минатогодишен победник на Карлови Вари, ќе има специјалната проекција на фестивалот.

Седум филмови се во трка за наградите за најдобар дебитантски филм, најдобар режисер, најдобро сценарио и за специјална награда од меѓународното жири. „Сожалување“ режија Бабис Макридис, „Човекот кој ги изненади сите“ сценарио и режија: Алексеј Чупов, Наталија Меркулова, „Алекси“ сценариот и режија Барбара Векариќ, „Љубовен автомобил“, сценарио и режија Елке Маргарете Леренкраус, „Сократес“, сценарио и режија Алехандре Морато, „Прасето“, режија Драгомир Шолев.

-Покрај овие седум исклучителни остварувања во трка за наградите, продолжуваме со претставување на возбудливи автори од современата турска кинематографија, па годинава наша и Ваша гостинка е наградуваната Јесим Устаоглу, потоа, тука се и петте филма кои се дел од „Лукс“ наградата на Европскиот парламент, вклучувајќи ги и двете македонски остварувања, „…Петрунија“ и „Медена земја“, како и пост-фестум проекциите на современата унгарска кинематографија. Се’ на се’ сигурен сум дека, од програмски аспект, четвртото издание на „КинеНова“ ќе биде едно од оние, незаборавните, вели програмскиот директор на фестивалот Игор Анѓелков.

Небојша Јовановиќ, директорот на „Киненова“ потенцира дека оваа година она што посебно избликнува од оваа програма се токму филмските автори и дела кои пркосат со храброста и одлучноста да се промени лошата реалност. 

-Во тој контекст имаме храбри филмови кои одлучно доаѓаат до сржта на проблемите. Ова сето значи дека Киненова МФФ не отстапува ни милиметар од својата авангардна патека. Ја повикувам публиката да ја истражи Киненова 2019 и да се подготви за вистински филмски изненадувања, вели Јовановиќ.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.