Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Моќна, уникатна и енергична балетска премиера на „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“!

Настани

Моќна, уникатна и енергична балетска премиера на „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“!

Моќна, уникатна и енергична балетска премиера на „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“!

Со долг аплауз и стоечки овации, публиката искрено ѝ го честиташе успехот на екипата од балетските премиери „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“. Премиерно се изведоа во саботата (5 октомври) во преполниот салон на Националната опера и балет.

Двете постановки се специјално подготвени за јубилејот „70 години балет“ и се во кореографија на Габор Кевехази од Унгарија, сценографијата е на Марија Ветероска, а костимите на Марија Пупучевска.

Публиката имаше можност да го слушне прекрасното дело „Кармен“ на Жорж Бизе во моќната и несекојдневна оркестрација на Родион Шчедрин како и „Валпургиска ноќ“ на Шарл Гуно во изведба на оркестарот на Националната опера и балет под диригентската палка на Маестра Бисера Чадловска.

Репризата е закажана за вторник, 8.10.2019, 20 часот!

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Настани

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.