Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

НОВА ПЕСНА НА ДНК: „НИЕ“ е песна полна емоции, видео полно стари спомени

МК Сцена

НОВА ПЕСНА НА ДНК: „НИЕ“ е песна полна емоции, видео полно стари спомени

НОВА ПЕСНА НА ДНК: „НИЕ“ е песна полна емоции, видео полно стари спомени

ДНК имаат нова песна. Станува збор за темата со наслов „Ние“, која стандардно излегува во исто време со спот. „Ние“ е со потписот на веќе проверениот и докажан авторски тандем – Лазар Цветкоски и Панчо. Музиката е нивно заедничко дело, текстот е со потписот на Панчо, додека аранжманот е на Лазар. За мастерингот, пак, се погрижи Крис Герингер, Sterling Sound, од Њујорк. Герингер во својата биографија има запишано соработки со Дрејк, Карди Б, Ријана, Лејди Гага, Ву Танг Клан и многу други.

Интересно е дека и ова видео Панчо и Андреј го работеа со режисерот Даниел Јовески, кој вели дека се потрудил самата приказна да го следи текстот од оваа емотивна композиција.

„Приказната на песната и спотот ни ја опишува осаменоста помеѓу четири ѕида, прогонувањето на спомените од минатото. Спомените се уште посилни кога се ставени на фотографија, фотографии преку кои Панчо патува низ сеќавањата, во времето кога биле среќни со саканата“, открива Јовески.

Кадрите се снимени на луксузни локации во Турција, односно во хотелот „Босфорус“ во Анталија и во амфитеатарот во Сиде. Главните улоги во спотот им припаѓаат на водителката Миа Костова, која прв пат се појавува во музички спот, и Хаки Алан, а целата атмосфера, велат момците, поминала во одлично расположение. За шминката, пак, се погрижи Александра Азманова.

„Во Турција престојувавме седум дена, па снимањето навистина не го ни почувствувавме. Сè помина во релаксирана атмосфера, а кога се работи од срце и со позитивна енергија тогаш нема сомнеж дека се добива одличен финален производ. Навистина веруваме во оваа тема и веруваме дека многумина ќе се пронајдат во стиховите“, велат Панчо и Андреј.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.