Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

6 причини зошто сакаш да учествуваш на Стартап Викенд Скопје!

Настани

6 причини зошто сакаш да учествуваш на Стартап Викенд Скопје!

6 причини зошто сакаш да учествуваш на Стартап Викенд Скопје!

Стартап Викенд Скопје – настан кој е поддржан од Techstars и Google for Entrepreneurs, оваа година ќе се одржи на викендот од 29 ноември до 1 декември во Инофеит.

Сите идни претприемачи кои ќе учествуваат ќе имаат многу забавни и динамични 54 часа, кои ќе ги искористат да направат нешто што досега никогаш не ги направиле: ќе започнат стартап. Покрај тоа, ќе стекнат нови познанства и ќе научат нови вештини. 

За да учествувате, пријавете се индивидуално или со тим на овој линк. Има само 50 слободни места, затоа побрзајте и обезбедете го вашето место!

Доколку сѐ уште не сте убедени дека Стартап Викенд е местото каде што треба да бидете на викендот 29 ноември – 1 декември, еве уште 6 причини зошто дефинитивно треба да се пријавите и да учествувате:

  1. Остварете го сонот на секоја добра бизнис идеја

Стартап Викенд е безбедно место за споделување на идеите, нивна разработка и можност за реализација – и тоа за само 54 часа. Покрај тоа, идејата ќе ја надополнат и подобрат другите учесници, како и експертите од различни полиња кои ќе бидат ментори за време на настанот. Навистина, Стартап Викенд е местото за кое добрите идеи сонуваат. Ваше е да го исполните тој сон.

  1. Да се почне или не, прашањето е сега

Најтешкото е секогаш да се почне и да се проба. Сите се плашиме од неуспех, но ако не се обидеме, нема ни да успееме. Учесниците на Стартап Викенд ќе имаат можност да го започнат процесот на реализирање на својата идеја, и тоа во идеални услови: со поддршка од искусни професионалци, во многу продуктивна атмосфера, и опкружени со други ентузијасти и генијалци. А оние тимови кои ќе ги имаат најдобрите идеи, овие 54 часа навистина можат да им го променат животот. И вашата идеја може да биде победничката!

  1. Колку е голема твојата мрежа?

Остварувањето на контакт со индивидуи кои веќе изградиле свој успешен бизнис не е лесно, а токму тие би можеле да бидат многу корисен советник, партнер, па дури и потенцијален инвеститор. На Стартап Викенд, овие навидум недостапни луѓе стануваат достапни, и тие ќе бидат таму со цел и желба да им помогнат на сите учесници. Искористете ја оваа уникатна можност да стекнете вредни контакти и да ја проширите вашата професионална мрежа.

  1. Фидбек како никогаш до сега

Експертите кои ќе бидат дел од Стартап Викенд, нивните совети, искуства и професионални мислења ќе им бидат достапни на сите тимови. Ова е навистина шанса која не треба да се пропушти, затоа што самата поддршка, критика или совет од овие индивидуи е бесценета, а учесниците ќе ги имаат на располагање за време на целиот настан. 

  1. Од колаборација до корпорација

Во самото срце на секој успешен бизнис стои група на луѓе кои ги здружиле своите идеи, искуства, знаења и контакти со цел да создадат нешто поголемо од нив. На Стартап Викенд сите присутни имаат претприемачки дух, и сакаат да ги употребат своите знаења и вештини за да реализираат нешто поголемо од себе. На Стартап Викенд сите имаат шанса да ги реализираат своите соништа, и да добијат поддршка и ентузијазам од другите учесници.

  1. Учењето не се случува само во училиште

Сите знаеме дека најдобро се учи од искуство. За време на Стартап Викенд учесниците учат многу, на различни теми, и на различни начини. Тие ќе научат како функционираат стартапите, кои се новите иновации и трендови во светот на технологијата и бизнисот, и за луѓето во светот на иновациите. Замислете дека сте сунѓер и дојдете на Стартап Викенд за да впиете што е можно повеќе од сето знаење што ќе го исполни просторот. 

Доколку сакате да дознаете повеќе, тука може да ги најдете одговорите на најчесто поставуваните прашања, и секако да го обезбедите вашето место на Стартап Викенд Скопје!

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Настани

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.