Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Легендарниот техно диџеј Свен Ват ќе го затвори Таксират 21

Музика

Легендарниот техно диџеј Свен Ват ќе го затвори Таксират 21

Легендарниот техно диџеј Свен Ват ќе го затвори Таксират 21

Легендарниот андерграунд техно диџеј и поп суперѕвезда, Свен Ват, од многумина нарекуван и таткото на рејверските афтерпартиња доаѓа ексклузивно од Амстердам за да ја изведе својата магија со целовечерен сет на 8-ми декември, во СЦ Борис Трајковски за заокружување на ТАКСИРАТ 21.

„Папа Свен“ е визионер и перфекционист кој го смени текот на електронската музика. Магионичар кој повеќе од 35 години ја изведува својата илузија исклучиво на грамофони.

И тоа не е сè! На главната вечер на 21-во издание на Таксират на 7-ми декември во полн состав се приклучуваат и Суперхикс – синоним за добар провод и забава, повеќе пати прогласувани за група, хитови и концерт на годината.

Истата вечер на главната сцена ќе застане и хрватскиот рапер и стиховен еквилибрист, Андрија Вујевиќ, алијас Војко В, кој ги исмеа сите и имаше неверојатно успешна година: грабна три награди Порин (за најдобар албум и за најдобар клубски албум „Војко“, и за најдобар видео спот „Не може“) и се претвори во најангажиран изведувач во регионов.

Покрај Суперхикс и Војко В, во листата на изведувачи за главната вечер на Таксират 21 веќе се запишани и британските драмендбејс супернови Chase & Status, хрватските легенди Хладно пиво, шведските поп ѕвезди Peter Bjorn and John, култните Београдски синдикат, а втората фестивалска бина ќе биде отстапена на супер-собирот на најголемите трап артисти од домашната и регионална сцена: Клинац, Prince$$ Donatsu, Buntai, Донплеја, Kuku$ Klan, Секси Марса, Бон Праскиза, 30Zona.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.