Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Емоционална зрелост – толерантност до балчак

ФОТО: Мики Трајковски - Манца

Колумни

Емоционална зрелост – толерантност до балчак

Емоционалната зрелост често знае да биде во дисхармонија со физичката зрелост, и се случува децата да покажат поголема емоционална зрелост од нас возрасните. Згора на тоа , не секогаш е придружник на интелектуалната зрелост, колку пати сме се соочиле со немоќта да си го контролираме карактерот посилен од интелектот.

Но, сѐ се учи, животот е едно долготрајно вечно училиште и не можеш секогаш да имаш високи оценки и оправдани отсуства. Единственото животно оправдано отсуство е смртта. Затоа треба да сме апсолутно присутни секој животен час, да научиме да сакаме и почитуваме, првин себе па остатокот од светот.

Секако, тоа ,,првин себе” не смее да стане нарцисоидност , ниту да не се ставаат граници до каде некој може со нас и нашето трпение. Емоционално зрела личност има стабилен идентитет, секоја пофалба или критика ја прифаќа како важна, но умее добро да ги анализира со доза на самокритичност. Зрелата личност е трпелива со голем праг на толеранција сѐ додека лично не е загрозена. Свесна е за своите емоционални импулси, но не е импулсивна и одбегнува нагли реакции за кои после би се каела.

Три пати мери пред да пресече , доволно време импулсот да атерира, претходно кренат до небо од суета. Зрелоста не треба да ја поистоветуваме со сериозноста, напротив, емоционално зрелите луѓе се емпати, креативно и духовито го чуваат детето во себе играјќи се со најубавата игра, живот полн со љубов.

Трпеливи до балчак и кога ни е преку него !

Татјана Алексиќ

Учениците ја обожаваат поради нејзината непосредност, пријателски однос и смисла за хумор. Професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“, Татјана Алексиќ е негувана дама која држи до себе.

Повеќе од Колумни

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.