fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Боби Павловски ја промовираше „Самица“ (ВИДЕО)

Музика

Боби Павловски ја промовираше „Самица“ (ВИДЕО)

По одличните „Метар дана“ и „Тамо негде“ Боби Павловски ја промовира и третата песна наменета за пазарот во соседството.

Хитовската композиција со модерен призвук и која лесно влегува во уво е со наслов „Самица“ и е работена со екипа од соседството. Музиката е со потписите на Еди Рамичевиќ и Милан Раѓен, а зад видеото, пак, стои тимот на Tropical Lifeisfun.

Кадрите се снимени во Белград, а покрај Боби во крими приказната се појавуваат уште неколку интересни лика. Во видеото Боби завршува зад решетки и во самица, има грабеж, оружје, скршено срце…

– „Се надевам дека и оваа песна ќе биде прифатена од публиката како и претходните две. Овој пат имаме малку поразличен спот, кој всушност е и мини филм и сега кога го имам пред себе финалниот производ навистина ми е драго што работев со овие момци кои дадоа поинаква нишка на целата оваа приказна. Многу верувам во целиот овој проект кој почна со „Метар дана“ и драго ми е што публиката досега препозна колку се вложив себеси во сето ова“, вели Павловски, кој наскоро на јавноста ќе и го претстави и следниот проект.

Во меѓувреме, Боби е актуелен со настапите низ клубовите во земјава од кои буквално ниту еден не поминува без „Метар дана“ и „Тамо негде“.

Слушнете ја новата песна:

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.