fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

На големата прослава за 20 години на Exit доаѓаат: Guetta, Tyga, James Arthur, Fatboy, Brejcha, Sepultura и многу други!

На големата прослава за 20 години на Exit доаѓаат: Guetta, Tyga, James Arthur, Fatboy, Brejcha, Sepultura и многу други!

Музичките суперѕвезди, вистински легенди и водечки изведувачи на денешницата ги предводат првите 20 имиња објавени за големата прослава на 20 години на EXIT Фестивалот!

David Guetta, Tyga, James Arthur, Fatboy Slim, Boris Brejcha, Sepultura, Artbat, Zhu, Meduza и многу други на Петроварадинската тврдина ќе донесат разновидност од стилови на електронската, гитарската и хип-хоп музиката, додека нивните планетарни хитови заедно бројат повеќе од 20 милијарди „ЈуТјуб“ прегледувања! Листата со првите и ударни изведувачи на Exit ја предводи една од најбараните ѕвезди на денешницата, David Guetta (Дејвид Гета). Популарниот Французин е најуспешниот музички продуцент на 21. век со повеќе од 100 милиони фанови на социјалните мрежи, преку 50 милиони продадени албуми и синглови, како и две „Греми“ награди.

Неговиот настап на Exit ќе биде вистинска светска ексклузива, бидејќи од следната година тој драстично го намалува бројот на настапи, и ќе се појави само на неколку водечки светски фестивали. За среќа Guetta нема намера да ја пропушти големата прослава за 20 години на Exit поради дводеценискиот однос со новосадскиот фестивал, но и поради фактот дека токму тој е изгласан за најпосакуваниот изведувач во големата анкета на фановите на EXIT!

А речиси пет од овие 20 вртоглави милијарди „ЈуТјуб“ прегледувања ги носи Tyga (Тајга), еден од водечките рапери на денешницата, кој ги потпишува хитовите со ликови како што се Santana, Drake, Offset, DJ Snake и Snoop Dogg. Двократниот лидер на „Билборд“ листата на синглови и редовен артист на прво место на американската хип-хоп листа, Tyga (Thank You God Always) зад себе има и седум студиски албуми, од кои овогодишниот „Legendary“ достигна и платинест тираж, неверојатни 74 синглови и дури 30 милиони слушања месечно на „Спотифај“! На EXIT доаѓа уште еден стриминг мултимилијардер, еден од најпопуларните британски кантавтори James Arthur (Џејмс Артур), кој со своите вонвременски хитови „Impossible“ и „Say You Won’t Let Go“ двапати беше прв на британската топ листа, како и на врвот на листата „Billboard Hot 100“! Талентираниот Англичанец со моќен глас, е еден од само 20-те британски изведувачи кои надминаа два милиони продадени примероци од еден сингл, а неговите три студиски албуми во изминатите седум години изнедрија низа планетарни хитови.

На главната бина, на Guetta ќе му се придружи уште еден легендарен диџеј и продуцент, но и вонсериски шоумен кој е подеднакво вткаен во 20 години долгата историја на Exit, Fatboy Slim (Фетбој Слим)! Откако оваа година направи голема турнеја низ најголемите спортски арени во Европа, следната година доаѓа со новото шоу со кое докажа зошто и понатаму цврсто ги држи хедлајнерските позиции на најголемите фестивали и важи за еден од најзначајните диск-џокеи на сите времиња. Една од најпопуларните EXIT ѕвезди на новата генерација и ударното име на електронската сцена Boris Brejcha (Борис Брејча), се враќа на тврдината со нова музика и во момент кога е поголем од било кога. Обожаваниот Германец, кој настапува со карневалската „џокер“ маска, но и без неа, е диџеј чии сетови се исклучително составени од неговите бројни нумери кои во последните неколку години ги изведува на најголемите европски сцени. Премиерен настап на Exit ќе имаат и ARTBAT, украинскиот диџејски тандем и феномен за кој сите зборуваат поради низата грандиозни нумери кои речиси рафално ги објавуваат од недела во недела. Артур и Батиш не престануваат да го фасцинираат светот со исклучителни сетови како што е оној за францускиот „Cercle“, но и за Егзитовиот премиерен LIFE STREAM на минатиот „Amsterdam Dance Event“. Љубителите на мелодичната електронска музика веќе во првата рунда добиваат ударни имиња меѓу кои е и Meduza, еден од фаворитите за „Греми“ наградите, чиј хит „Piece of Your Heart“ брои преку 600 милиони стримови, покрај платинестите тиражи и врвовите на американската, британската и низа други светски топ листи! На небројните барања на публиката, на тврдината се враќа и мистериозниот диџеј и продуцент ZHU, сопственик на гигантските хитови „Faded“, „In the Morning“, „Working for it“ и низа други синглови, но и ремикси за ѕвезди како што се Lana Del Ray или Calvin Harris.

Дваесет години Exit – ова не поминува без враќање на неговите први хедлајнери кои беа доволно храбри, или едноставно доволно луди за меѓу првите да дојдат на тогаш новиот фестивал во Србија, земјата за која можеа да чујат сѐ спротивно од она што таму го доживеаја запознавајќи ја притоа лице в лице најдобрата публика на светот. На тврдината се враќаат бристолските арт-рокери Kosheen, но и Roni Size и LTJ Bukem, живите икони на бас музиката споени во „back2back“ специјално за EXIT фестивал! Првиот славенички EXIT бран носи и грст гитарски титани, како што е моќната бразилска Sepultura, култната група која зад себе има дури 14 албуми и рифови кои ја обележаа историјата на метал, но и на рок музиката во целост. На тврдината доаѓа и њујоршката хардкор фаца Billy Milano, со своите M.O.D. (Method of Destruction), руската Moscow Death Brigade, метал-рок герилата Crippled Black Phoenix, како и еден од водечките пост-панк дарк-вејв бендови She Past Away и дет-кор британскиот состав Bury Tomorrow. Силната прва гарнитура ја дополнуваат и во моментов најбараниот српски бенд, диско-рокенрол-електро дуото Буч Кесиди, култниот алтернативен рок состав E-play и новосадските херои Love Hunters.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Настани

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.