Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Ѕвездите ја честитаат новата MAC 2020 година!

Музика

Ѕвездите ја честитаат новата MAC 2020 година!

Ѕвездите ја честитаат новата MAC 2020 година!

„Влегуваме во MAC 2020 година со сигурни чекори, со многу добра музика и милион ваши онлајн гласови! Таквиот одзив ни е најголем поттик и 2020 да ја одбележиме со добра музика, која на најубав начин ќе ја поврзе регионалната сцена“, порачуваат организаторите од Скајмјузик и најавуваат незаборавен почеток на годината на 27 јануари во Штарк Арената на манифестацијата Music Awards Ceremony.

Повеќе од 600 номинации се распоредени во 17 категории за гласање на страницата musicawardsceremony.com, а учесниците и номинираните снимија видео во кое на следбениците на MAC им ја честитаат новата MAC 2020 година.

Своето учество досега на MAC го потврдија Лепа Брена, Јелена Розга, Сенидах, Буба и Џала, Нина Бадриќ, Тончи Хуљиќ, Калиопи, Балканополис, С.А.Р.С и Невена Божовиќ, а организаторите најавуваат уште имиња, кои ќе бидат познати во следните денови.

Влезниците може да се набават на tickets.rs, а дел од средствата организаторите ги издвојуваат во хуманитарни цели

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.