fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Боже, прости ни!

Колумни

Боже, прости ни!

ФОТО: Мики Трајковски - Манца

Боже, прости ни!

Светот врие од неправди и непријатности, страдаат невини луѓе и животни, ја уништуваме драгоцената флора и фауна. Заради туѓи суети, светот е во вечна војна во која најмногу страдаат недолжните.

Боже прости ни – до кога ќе се преправаме дека не знаеме што правиме?! Простувањето е божји дар, способност за контрола на егото, чин на зрелост и доблесност, во сите религии е најблагородниот чин. Низ животот најчеста причина за страдање е немоќта да примиме и дадеме прошка. За простување треба љубов и чисто срце, исчистено од гневови и јадови. ,,Боже прости им не знаат што прават” – Христовите последни зборови, како и една од заповедите ,,Кој тебе со камен ти него со погача” ги имаат истите начела и во други религии, во исламот ,,И на непријателот ако е гладен дај му да јаде”, а големиот Хебрејски празник Јом Кипур е Ден за помирување.

Ние славиме Прочка, еден од најголемите христијански празници после Божиќ и Велигден.Можно ли е на толку многу верници низ светот, да е најтешко да се почитуваат и практикуваат светите верски начела на сите религии, големината на простувањето? Кога сите би биле суетни и горделиви, без чувство за сопствена вина, простувањето би било невозможно, светот би заличил на пекол без можност за чистилиште и рај како во ,,Божествената комедија” на Данте Алигиери. Не е реална ни другата утописка крајност, визија за свет каде никој никого не повредува, па се нема потреба од простување…

Да простиш значи да си милозлив, благороден, да се одрекнеш од лутината и го ослободиш другиот од товарот на вина, со што се ослободуваш и себеси. Но и простувањето различно го поимаме, колку што е и различна тежината на причината за конфликт и лутење. За некого слабост, за некого сила.

Некои луѓе навистина не умеат да простуваат, но има и луѓе кои претеруваат во простувањето и извинувањето што е мазохизам – им се дава право на ,,мачителите” да понижуваат и повредуваат без пардон. Светот врие, но и ние сме дел од котелот, прашање е кој кому да му прости…

Прочитај повеќе
Татјана Алексиќ

Учениците ја обожаваат поради нејзината непосредност, пријателски однос и смисла за хумор. Професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“, Татјана Алексиќ е негувана дама која држи до себе.

Повеќе од Колумни

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.