Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Десет рап и поп музичари и еден актер настапуваат заедно на MAC

Промо

Десет рап и поп музичари и еден актер настапуваат заедно на MAC

Десет рап и поп музичари и еден актер настапуваат заедно на MAC

Пионерите на српската рап сцена ги здружија силите со некои од најголемите поп ѕвезди и еден познат актер, и подготвуваат специјален заеднички настап на манифестацијата Music Awards Ceremony. Бане Лалиќ МВП, Киза Робин Худ, Александар Џанкиќ, ДЈ Муња, Нигор и младиот рапер Смоук Мардељано ќе настапат заедно со Тијана Дапчевиќ, Ивана Петерс, марко Луис, Маја Луис и Виктор Савиќ.

Необичниот состав најавува емотивен настап на 27 јануари во Штарк арената, но сè уште не сакаат да откријат што точно подготвуваат.

„Многу сум возбуден што ќе бидам дел од овој MAC, а особено ми е чест што учествувам во овој специјален настап кој за мене има голема емотивна вредност. Сигурен сум дека овој настап ќе остави голем впечаток и на публиката и дефинитивно ќе биде еден од најемотивните. Многу е важно да шириме музика која е најкомплексен медиум на планетата“, вели Бане МВП, чиј бенд своевремено се прослави со хитот „Целу ноќ и цели дан“.

„Чест ми е и задоволство што ќе настапам на овој настан кој за мене ќе има емотивно значење, а особено што сето тоа уште се случува и на Свети Сава“, вели Виктор Савиќ кој ќе биде првиот актер кој има настап на MAC сцената.

Основачот на еден од првите хип-хоп состави во Србија, Who is the best, Александар Џанкиќ додава: „Среќен сум заради настапот со колегите кои со години се на хип-хоп сцената. Мислам дека за овој вид музика би требало да има многу повеќе место. Се надевам дека и публиката во Арена позитивно ќе реагира.“

Киза Робин Худ, уште еден од музичарите кои го обележаа почетокот на создавањето на рап сцената во Србија по повод настапот на MAC вели: „Голема е честа да се учествува на ваков настан. За жал, некои од оние кои оставија белег, како врз мојата така и врз кариерите на многу уметници и изведувачи, веќе не се со нас. Нивната порака, музика, начин на живот и размислување сега се веќе дел од мојата личност. Се надевам дека и во оваа прилика ќе бидат со нас како и секогаш досега.“

Диџеј Муња смета дека настапот на MAC е важен за домашната сцена: „Пред сè: Hip Hop 1 Love! Кој разбира, ќе сфати! Фала му на Бога што ми даде улога во еден момент на бескрајното време да бидам честичка во мозаикот на формирањето на хип-хоп сцената во Србија! Сум соработувал со многу изведувачи! Сме ја граделе таа сцена, па еве сè до денешен ден. Но една ѕвезда свети сиве овие години, не го губи сјајот, па сега и уште појако и никогаш нема да избледи!“

Овој заеднички настап очигледно ќе биде поинаков од сè што досега имавме можност да го видиме на MAC, а во изненадувањето за публиката уште ќе учествуваат и Маја Луис, Нигор, Тијана Дапчевиќ, Ивана Петерс, Смоук Мердељано и Марко Луис, кој по овој повод вели: „Ова за мене и за историјата на регионалниот рап е еден мошне емотивен настап. Се радувам на настанот и особено на настапот.“

Своите настапи на MAC претходно ги потврдија Лепа Брена, Јелена Розга, Сенидах, Буба и Џала, Нина Бадриќ, Калиопи, Тончи Хуљиќ, С.А.Р.С. и Балканополис. Влезниците може да се набават на tickets.rs, а дел од приходите се издвојува во хуманитарни цели.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Промо

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.