Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

И од Битола се може успешна приказна за 2019 година

Македонија

И од Битола се може успешна приказна за 2019 година

Преда плус Фондацијата заедно со своите соработници во 2019 година, преку иницијативата И од Битола се може(и) го размрда заспаниот Пелагонски регион преку креирање на нов екосистем на стартапи и обезбедување на поддршка на претприемништвото надвор од скопската сцена.

– 2019 беше година кога се трудевме да го промениме фокусот на јавноста кон исклучителни, но во исто време и реални индивидуалци чии што професионални и животни приказни инспирираат позитивни размислувања. – изјави извршната директорка на фондацијата, Маријана Милевска.

Резултатите од 2019 година се успешни со тоа што реализирани се 2 пред-акцелератроски програми со вкупно 25 стартапи, тимови со бизнис идеи, вклучени се 17 ментори и бизнис консултанти за поддршка на новите стартапи. Одржани се 10 мотивирачки настани #ИодБитолаСеМожи на кои продефилираа еминентни имиња од македонската претприемачка сцена . Креирана е една стартап направи платформа на која до денес се истргуваа 7 милиони долари, потоа се лансираа 3 стартапи бизниси, 2 стартапи веќе користат други финасиски инструменти за поддршка и развој, како и 1 стартап влезе во фаза 2 а има 5.000 корисници. Горди се што 2 стартапи планираат да се лансираат во 2020 и 5 учесници од навните програми започнаа корпоративна кариера во други компании.

Во 2020 година од Преда Плус Фондацијата очекуваат продолжување на дел од проектите и старт на нови со што ќе го дуплираат успехот.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Македонија

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.