Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Нема да престанете да ја слушате: „Твоите очи Лено мори“ во модерен дип-хаус звук создаден од Cyrillic (ВИДЕО)

МК Сцена

Нема да престанете да ја слушате: „Твоите очи Лено мори“ во модерен дип-хаус звук создаден од Cyrillic (ВИДЕО)

Едни од најатрактивните имиња на електронската сцена во Македонија кои се појавиле последниве неколку години, дефинитивно се момците од Cyrillic, Андреј и Бојан.

Од ден на ден нивната публика во нашата земја, но и надвор од неа е сè повеќебројна, а тоа го мотивира ова електронско дуо да создава и во иднина нова и квалитетна музика.

По тој повод, „Севда“ е нивното најново остварување, а инспирација за истата е од македонската народна песна „Твојте очи Лено мори“, но спакувана во модерен дип-хаус аранжман со етно примеси. За овој сингл момците од Cyrillic соработуваа со пејачката Наташа Малинкова, која маестрално ги испеа вокалите.

За новиот сингл има и видеоспот во режија на Зоран Зонде Стојановски. Истиот се снимаше на неколку локации во Македонија, а моделот кој ја има главната улога во спотот е преубавата Марија Давчевска.

Задоволството од одлично сработениот проект со споделија и Андреј и Бојан…

– Севда е страст, Севда е љубов. Севда е фузија на два тотално различни музички света, кои што тука перфектно се споија. Многу ни е мило што направивме еден ваков проект, каде што ставаме наш печат како Cyrillic, на една од нашите омилени Македонски етно песни. Се надеваме дека ќе им се допадне на нашите фанови и пошироката јавност ѝ ќе придонесе на помладите генерации да им стане блиска нашата Македоснка музика – вели Андреј.

– Севда е комбинација на етно елементи со карактеристични Cyrillic звуци и мистичен вокал испреплетени за еден одличен радиски и клубски сингл. Интересна е реакцијата на публиката на нашите настапи кога за прв пат ја слушаат, обично се позитивно изненадени поради тоа што не очекуваат такава комбинација – изјави Бојан.

Инаку од неодамна Cyrillic станаа ексклузивци на „Sky Eye Entertainment“, всушност ова е втор издаден сингл под оваа издавачка куќа.

Прочитај повеќе
Маркетинг
Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.