fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Првиот бакнеж ми беше со Бајага: Данијела Мартиновиќ во Еден на Еден (ВИДЕО)

Промо

Првиот бакнеж ми беше со Бајага: Данијела Мартиновиќ во Еден на Еден (ВИДЕО)

Во весело издание какво што од неа се очекува, Данијела Мартиновиќ ќе ја гледаме во Еден на Еден кај Жаре, во недела, на Канал 5 од 18.30.

„Сите ме знаат како весела и зборлеста, и поради тоа не ме сфаќаат сериозно“, му рече хрватската поп-ѕвезда на Жаре и затоа се обиде да се претстави во едно поинкаво светло. Зборуваше за нејзините две авторски книги, за скокот со падобран, за тоа колку била срамежлива како дете и темпераментна како тинејџерка, за својата сегашна љубов Петар Грашо, и за својата прва љубов.

„Се срамев да одам до трафика само затоа што продавачот беше маж“, откри Данијела и раскажа за својот прв бакнеж, и тоа со Бајага. Но, не вистинскиот Бајага.

„Тогаш Бајага беше тотално ултра популарен. Имаше еден тип кој го викаа Бајага, беше ист Бајага, ама ист! Висок онака, згоден, убав. Јас ѝ велам на пријателката, ќе морам да си го фатам него! И јас си го фатив и се бакнав со Бајага“, му рече Данијела на Жаре.

За публиката во студио, таа испеа три нејзини песни во живо со Гуру Харе бенд, како генерална проба за скопскот концерт на 14 февруари. Во линкот подолу, погледнете една од приказните на Данијела:

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Промо

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.