fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ТАЛЕНТИРАН ТРЕНЕР И ФРИЗЕР: Згодниот Борјан Стојков е инспирација за своите клиенти!

Интервју

ТАЛЕНТИРАН ТРЕНЕР И ФРИЗЕР: Згодниот Борјан Стојков е инспирација за своите клиенти!

„Мојата креативност ја изразувам преку својата работа.“

Млад, креативен, секогаш насмеан, но и многу згоден! Талентираниот Борјан Стојков клиентите го наградуваат со многу комплименти.

Тој има само 23 години, а за себе вели дека е комплетен фризер, но и претставник на Македонија на светското првенство во фитнес и бодибилдинг, а во слободно време ужива да прави модна фотографија.

– „Мојот ден започнува со утрински тренинг во Фитнес и СПА центарот „Sky Wellness“, а потоа продолжува во Мое Студио Дадар за создавање на нови уметности и насмевки на задоволни клиенти.“ – вели Борјан.

Неговата инспирација вели дека доаѓа од неговата визија што ја има создадено за себе, предизвикот да се надмине себеси во секоја можна гледна точка.

Кога се однесува за негата на коса, Борјан советува:

– „Кога станува збор за убавина, под тоа разбираме нега и грижа за себе, негата на коса треба да е секојдневна а не само еднаш кога ќе се отиде на фризер. Бојата и формата на косата е прашање на вкус, но секако е најдобро да се консултирате со професионалци кој што имаат решение за секој ваш проблем и тие ќе ви посочат која форма и боја најдобро ќе стои според вашиот лик.“ – додава Стојков.

Тој вели дека секој клиент е различен, а неговата цел и работа е да процени и да ја создаде совршената форма, текстура и боја што највеќе ќе одговара на потребите на клиентот, според нивниот лик, карактер и стил.

Неговите клиенти велат дека освен што знае да прави одлични фризури, тој е и неверојатна инспирација .

– „Секој ден, секој тренинг, секој клиент, за мене е нов и различен предизвик. Мојата креативност ја изразувам преку својата работа. Мојата работа е уметност, сметам дека секој мој клиент заслужува врвна услуга и уникатен изглед на кој што сите ке се восхитуваат.“ – вели Борјан и додава:

„Многу пати до сега ми кажале: не можеш да успееш во се’, доколку не се посветиш само на едно.. мојот одговор е можам! Со љубов,волја,труд и трпение, невозможното станува возможно.“

Тој важи за еден од омилените стилисти и фризери во „Мое студио Дадар“, и вели дека најчесто клиентите од него бараат советување за бојата на нивната на коса:

– „Што се однесува за темата на колористика, доволно е еднаш да се погреши размерот и соодносот на хемиските препарати кои што се користат за промена на вашата боја, која тотално ќе ја уништи вашата коса, а тоа ќе ви создаде голем проблем што ќе го имате со години.“ – советува Стојков.

Како за крај на ова интервју, би сакал да ги советува сите читатели, пред да направат одлука за избор на место за убавина да одберат внимателни и да запомнат дека постојат два типа на стилисти/фризери – фризерот што работи со цел да ја заврши својата работа побрзо, без грижа за квалитет на завршниот резултат, и фризер што нуди напредни техники за врвен резултат и квалитет, на кој што сите ќе се восхитуваат, но најбитно од се, вие ќе бидете задоволни и ќе заминете со голема насмевка.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Интервју

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.