fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Дали свежото млеко треба да се вари?

Храна и пијалоци

Дали свежото млеко треба да се вари?

Свежото млеко е најдобриот избор за здрав хранлив пијалак што изобилува со нутритивни состојки. Свежото млеко збогатено со Д3 витамин од Битолска млекара не е потребно да се вари и како такво ги содржи најхранливите млечни состојки.

Свежината и нутритивните вредности се задржани со технолошки процес на бактофугирање, термичка обработка со којашто што се отстрануваат дури 99,9% од присутните микроорганизми, при што млекото целосно ја задржува биолошката и хранлива вредност. Вака спроведената пастеризација на свежото млеко овозможува гаранција за високиот квалитет и безбедност на производот.

Свежото млеко е преферирано токму заради големиот број хранливи материи и како извор на протеини, витамини, минерали, јаглени хидрати, калциум, а масленоста од 3,2% овозможува сите хранливи состојки и витамини, организмот многу полесно да ги апсорбира. Сите овие состојки и здравствени вредности се зачувани токму при процесот на пастеризација, а покрај тоа, задржан е и изворниот вкус и мирис на свежо млеко.

Затоа, наспроти старите навики за варење на млекото, свежото млеко не треба да се вари, а притоа е безбедно за пиење и ги нуди сите здравствени придобивки при редовна и секојдневна консумација. А што ќе се случи со Витаминот Д3 ако го сварите млекото? Млекото веќе нема да ја има истата хранлива вредност како што ја има доколку се консумира свежо, а со другите хранливи состојки се изгубил и толку потребниот витамин Д.

Свежото битолско млеко има поголема хранливост и енергетска вредност, повкусно е и неговото редовно консумирање обезбедува голем дел од хранливите состојки, витамини и минерали неопходни за децата, за нивниот здрав и правилен раст и развој, но и за повозрасната популација посебно заради збогатеноста со Д3.

Побарувачката на свежо млеко е растечка на светско ниво токму заради ваквите карактеристики и заради брзата и практична подготвеност за консумација. Современата технологија и целокупниот процес на производство на свежото млеко, како и врвните стандарди за безбедност кои ги применува Битолска млекара, се гаранција за квалитетот и безбедноста на млекото.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Храна и пијалоци

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.