fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

СЗО прогласи вонредна состојба за коронавирусот на глобално ниво

Свет

СЗО прогласи вонредна состојба за коронавирусот на глобално ниво

СЗО прогласи вонредна состојба за коронавирусот на глобално ниво

Светската здравствена организација денеска прогласи вонредна состојба на глобално ниво, откако бројот на случаи на заболени со новиот коронавирус се зголеми за повеќе од десет пати во една недела.

СЗО соопшти дека глобалната итна ситуација претставува „вонреден случај“, што значи дека претставува ризик за другите земји и оти е неопходен координиран меѓународен одговор.

Одлуката исто така на земјите им наметнува построги критериуми во пријавување на случаи на заразата.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гребрејесус ја објави одлуката по состанокот со Одборот за итни случаи на СЗО, независен панел на експерти, по се поголемиот број докази за ширење на вирусот во 18 земји.

– Главната причина за оваа прогласување не е она што се случува во Кина, туку во другите земји, рече Гебрејесус на прес-конференција во Жeнева.

Тој додаде дека постои загриженост дека вирусот ќе се шири во земји со послаб здравствен систем.

Бројот на жртви на вирусот во Кина се зголеми на 170, а СЗО објави дека се пријавени 98 случаи во 18 земји надвор од Кина, но нема жртви.

Тој го опиша коронавирусот како епидемија без преседан, која наиде на одговор без преседан и ја пофали Кина затоа што презела исклучителни мерки за го запре ширењето на вирусот.

Гебрејесус истакна дека СЗО е против какви било мерки или ограничувања за патувања или трговија со Кина.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Свет

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.