fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Згодната Луна го промовираше нејзиното првенче „Куш“ (ВИДЕО)

Промо

Згодната Луна го промовираше нејзиното првенче „Куш“ (ВИДЕО)

Таа е дива, нескротлива, таа е сензуална и секси, впечатлива, ексцентрична и со стил… Таа е се, само обична не.

Запознајте ја дваесет и едно годишната убавицата Луна, вториот женски артист на Урбан Рекордс, кој ветува многу – Луна веќе го промовираше нејзиниот прв сингл „Kуш“, на YouTube каналот на Урбан Рекордс. На овој видео спот му предходеше едно неофицијално и необично видео на Тракер што претставуваше најава за нејзиниот официјален прв спот. Во претходното видеото можевме да видиме како Тракер и Луна сериозно се подготвуваат за снимањето на првиот видео запис на Луна и едно големо добредојде на Луна во фамилијата на Урбан од останатите членови.

Приватно Луна е инструктор по скијање, и во моментот па се до месец март работи во еден од најпопуларните зимски центри во регионот – Копаоник, соседна Србија. Деновите поради обврските околу спотот и промоцијата таа е на релација Скопје – Копаоник.

Видео спотот се снимаше во Про Лајт Студио – студио за професионално снимање на филмови, музички спотови и реклами. Во него Луна менува неколку интересни модни комбинации, во друштво е со Тракер а присутна е и една доста интересна бела мечка – маскота. Го изработи Гордан Божиновски – Год Ај Продукција.

Песната е во трап стил, текстот и музиката се на самата Луна, Аранжман/Бит,микс и мастеринг се на хитмејкерот Иван Јованов – Ивајо.

Во прилог линк од видео спотот на Луна..,,Се надеваме ќе ви се допадне и ќе и дадеме мотив уште на самиот почеток од нејзината кариера за да изведува уште вакви модерни хитови и спотови”…

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Промо

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.