Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Скопјани два дена по ред уживаа во концертите на Масимо Савиќ

ФОТО: АВАЛОН ПРОДУКЦИЈА

МК Сцена

Скопјани два дена по ред уживаа во концертите на Масимо Савиќ

Откако три години македонската публика со нетрпение го очекуваше хрватскиот пејач, Масимо Савиќ конечно одржа два концерта во Скопје – овој пат имаше свое деби во салата на Македонската филхармонија.

Публиката громогласно го поздрави Масимо, кој истапи на сцената со бендот и го започна настапот на чекор од првите редови. По изведувањето на првата нумера, Масимо ѝ се обрати на публиката со својот топол, специфичен глас.

– „Леб и сол“ се едни од најзаслужните што станав музичар. Уживав да ги учам нивните песни – рече Масимо.

Познат по својот уникатен сценски настап, Масимо ги изведе хитовите „Из једног погледа“, „Странац у ночи“, „Додирни ме случајно“, „Да могу“, „Сузе нам стале на пут“, „Остани ту“, „1000 људи“, „Кладим се на нас“ и уште многу други песни што ја одбележаа неговата 30-годишна музичка кариера.

Како увертира на речиси секоја изведена песна, Масимо со носталгична нота во својот глас ѝ раскажуваше на публиката за музичките великани, од овие простори, со некои од нив и соработувал, а кои имале неверојатен импакт на неговото музичко созревање и творење. Масимо со голема почит ги спомна Влатко Стефановски, Арсен Дедиќ, Дино Дворник, Џони Штулиќ… Масимо му оддаде почит на Арсен Дедиќ, велејќи дека е прекрасно што имал таков ментор.

На бисот додека ја пееше „Замисли живот у ритму музике за плес“, публиката буквално скокна на нозе.

Публиката, судејќи според впечатоците, со „полно срце“ излезе по завршувањето на концертот од Македонската филхармонија.

Концертите на Масимо Савиќ се во организација на „Авалон продукција“.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.