Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

На Тврдината ќе врие од самиот старт: DJ Snake го отвора EXIT 2.0!

Настани

На Тврдината ќе врие од самиот старт: DJ Snake го отвора EXIT 2.0!

На Тврдината ќе врие од самиот старт: DJ Snake го отвора EXIT 2.0!

Една од најпопуларните музички ѕвезди на светот и авторот на најслушаните хитови на денешницата, DJ Snake доаѓа на EXIT!

Популарниот парижанец ќе има чест да ја отвори големата прослава за 20 години на Фестивалот и со своето досега најголемо шоу на публиката ќе и ги испорача хитовите кои заедно бројат преку десет милијарди YouTube прегледувања и повеќе од шест милијарди слушања на Spotify! Во јули на Петроварадинската тврдина во Нови Сад ќе ги слушаме неговите дијамантски и мултиплатинести синглови „Taki Taki“, „Lean On“ „Let Me Love You“ но и суперактуелниот „Loco Contigo“ на кој му гостува уште еден хедлајнер на Exit, популарниот американски рапер Tyga!

DJ Snake има соработувано со уште една ѕвезда на EXIT фестивалот, овој пат раперот од источниот брег, Sheck Wes, и тоа на нумерата „Enzo“, на која гостуваа уште и Offset, 21 Savage и Gucci Mane. На листата соработници кои популарниот парижанец ги собира под својата диригентска палка се наоѓаат уште и Justin Bieber, Cardi B, Major Lazer, Selena Gomez, J Balvin, Sean Paul и бројни други. Тој денеска ги предводи програмите на најголемите светски фестивали како што се Coachella, Lollapalooza, Tomorrowland и бројни други каде што неретко се наоѓа како единствен диџејски хедлајнер на ранг на најголемите групи на денешницата, како што се The Killers, Muse или Migos! DJ Snake е добитник и на две Billboard и една MTV награда, додека првата Grammy номинација му ја донесе соработката со Lady Gaga на албумот „Born This Way“. Поради овие неверојатни успеси, медиумите го споредуваат со неговиот сограѓанин David Guetta, а кога е ова градско ривалство во прашање, DJ Snake е и првиот музичар во историјата кој со директен пренос настапи на славната Триумфална капија во Париз!

Неговиот мегахит „Taki Taki“ на кој гостуваат Cardi B и Selena Gomez, за само четири месеци надмина милијарда видео прегледувања, станувајќи на тој начин и првата песна на која ова и успеало! Уште еден рекорд држи со хитот „Lean On“ и групата Major Lazer, а кој покрај повеќе од 2,7 милијарди YouTube прегледи воедно беше и најслушаната песна Spotify од основањето на оваа платформа! Омаж на неговиот оригинален музички стил одаде магазинот кој претставува библија на музичката сцена, Rolling Stone, наведувајќи дека „DJ Snake ја усовршува својата сопствена отровна, непопустлива, архетипска верзија на bass музика со која можете да скокате“. DJ Snake е и дел од „Pardon My French“ францускиот диџејски колектив, како и основач на сѐ попопуларната издавачка куќа „Premiere Classe“. Талентираниот Французин со алжирско потекло минатата година го објави својот втор албум „Carte Blanche“, кој брзо достигна до прво место на Билбордовата листа на албуми, а објави вкупно 21 сингл, од кои повеќето се позиционираа на топ листите ширум светот. Сопственик е на три сингла со дијамантски тираж, четири негови нумери достигнаа платинест, а две златен тираж! Еден од најуспешните синглови секако беше „Taki Taki“, кој достигна до број еден во дури петнаесет земји, додека за време на 2019-та беше во самиот врв на топ листите во целиот свет.

DJ Snake од 9-ти до 12-ти јули на Петроварадинската тврдина во Нови Сад се придружува на низа веќе потврдени музички ѕвезди како што се David Guetta, Fatboy Slim, James Arthur, Tyga, Boris Brejcha, Sepultura, Meduza, ZHU, Sheck Wes, Metronomy, ARTBAT, Marky Ramone, Agnostic Front и бројни други на долгата листа со изведувачи која опфаќа едвај половина од сѐ она што се подготвува за EXIT 2.0!

Во моментов во продажба е ограничен контингент на комплет EXIT билети по цена од 3.700 ДЕНАРИ, што претставува високи 55% заштеда во однос на финалната цена! Влезниците за EXIT можат да се набават преку официјалната страница exitfest.org или mktickets.mk во Македонија, а во продажба се и туристички пакети кои покрај влезници опфаќаат и сместување и превоз, достапни преку официјалната туристичка агенција на фестивалот, EXIT Trip.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Настани

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.