fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Скопје за старт на европската турнеја на DERUN

МК Сцена

Скопје за старт на европската турнеја на DERUN

Мега популарното музичко дуо од Турција Derun доаѓа на европско тло и ја носи енергијата од забавите во Тулум. Тие доаѓаат во Скопје по тримесечната турнеја низ Јужна и Средна Америка, и токму од тука, од Скопје ќе го стартуваат европскиот дел од истата.

А нема подобро место за старт на уште една убава и успешна приказна од првиот музички бар (Intermezzo music bar) и во рамки на Интермецо музичките ритуали – фестивал кој имаше и свое летно издание, а кој почна со одличниот настап на Space Motion.

Интермецо музичките ритуали како и секогаш нудат најдобра музика и енергија во градот, а овој петок (со почеток во 21 часот) доживуваме ново музичко патување со безвременските артисти Derun. Нивните музички сетови се концентрирани на софистицирана и мултикултурна електронска музика, преовладуваат етно и балкански ритми, со длабоко ниво на експресија кое ќе ве понесе да танцувате како никогаш досега.

И тоа не е сè, дел од сценариото на музичката приказна за која веќе се зборува ќе бидат и Нико Диамантопулос, Христос Фуркис, Крис ИДХ, Валерон, Тебра, Ланка, Сатори, Оливер…

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.