fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Ассеко СЕЕ со донација за македонската влада за справување со кризата

Актуелно

Ассеко СЕЕ со донација за македонската влада за справување со кризата

Како општествено одговорна компанија, а со цел да се помогне на државата во справувањето со кризата предизвикана од вирусот КОВИД-19, компанијата Ассеко СЕЕ успешно го имплементираше својот продукт „Asseco Live“, во контакт центарот на Владата на Република Северна Македонија. 

Владиниот контакт центар е наменет за поддршка на бизнисот и граѓаните во врска со економските прашања во услови на справување со кризата предизвикана од КОВИД-19.

Компаниите и физичките лица со јавување на телефонскиот број 02/324-8040 ќе може да ги добијат сите потребни информации и појаснувања во врска со начинот и можноста за користење на економски и други државни мерки поврзани со актуелната состојба.

Од компанијата Ассеко СЕЕ во Македонија изјавуваат дека се среќни што во вакви тешки моменти да придонесат кон побрзо решавање на актуелните проблеми на заедницата, истовремено посакувајќи им на сите добро здравје и желба за побрзо нормализирање на ситуацијата.

Борбата со КОВИД -19 претставува обврска на сите граѓани и деловни субјекти во нашата држава. Затоа Комората за информатички технологии МАСИТ е особено горда на донацијата на Ассеко СЕЕ како и на останатите свои членки кои придонесоа со своите ресурси и активности со цел поддршка и заштита на своите вработени, клиенти и државата, целокупното колективно здравје и оние кои допринесоа кон солидаризирање и помош на најзагрозените индустрии.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.