fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

НОВ ДАТУМ И ЛОКАЦИЈА: „Електричните оргазам“ во Скопје на 24 јуни на стадионот на АРМ

Настани

НОВ ДАТУМ И ЛОКАЦИЈА: „Електричните оргазам“ во Скопје на 24 јуни на стадионот на АРМ

Авалон Продукција продолжува со ширење позитивизам во ова време кое е непријатно за сите нас.

– „Како што ви најавивме, мартовските концерти коишто моравме да ги одложиме поради актуелната состојба со корона вирусот, ќе бидат презакажани со нови датуми, а концертот на култните Електрични Оргазам ќе има и нова локација.

Па така, ве информираме дека славеничкиот концерт на “Оргазам” се одлучивме да го направиме на отворено и тоа на 24-ти јуни на стадионот на АРМ, еден ден пред фестивалот Скопје Гори на кој ќе настапат легендарните Placebo.

Електрични Оргазам ќе настапат на голема бина и уште поголема продукција, со роденденски репертоар кој ги опфаќа сите песни што ја одбележаа кариерата на овој супериорен бенд.

Сите оние што имаат набавено влезници, истите ќе им бидат важечки и за концертот на 24-ти јуни.

Во меѓувреме останете во добро здравје, почитувајте ги препораките од надлежните, седете дома и подготвувајте се за уште едно незаборавно Авалонско музичко лето.“, стои во нивното соопштение.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Настани

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.