fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Турција со закон го обезбеди хранењето на уличните животи за време на „КОВИД-19“

Свет

Турција со закон го обезбеди хранењето на уличните животи за време на „КОВИД-19“

Бидејќи народот во Турција е во домашен карантин за да го спречи ширењето на „Ковид-19“, владата на вонредна седница го реши прашањето кој ќе ги храни стотиците илјади бездомни животни на земјата.

Министерството за внатрешни работи одлучи дека  оваа обврска им припаѓа на локалните општински совети на национално ниво и им нареди „да им носат храна и вода во засолништата за животни, парковите, градините и другите области каде што се наоѓаат уличните животни“.

Министерството инсистира на тоа дека „мора да се преземат сите неопходни мерки за да се обезбеди уличните бездомни животни да не гладуваат“, додавајќи дека засолништата и јамите на животните исто така треба да бидат дезинфицирани.

Активистите, волонтерите и жителите обично ја хранат турската армија на скитници, но самоизолацијата и ограничувањата на движењето го спречуваат ова.

Во најголемиот турски град Истанбул, во кој има најмногу потврдени случаи на „Ковид-19“, има околу 162.970 скитници мачки и 128.900 кучиња, според бројките на градот од 2018 година.

Турците на социјалните медиуми го пофалија овој потег, при што многумина му се заблагодарија на министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

Официјалниот Твитер профил на истанбулската област „Бајрампаша“ ги сподели фотографиите на животните скитници кои секојдневно се хранат во оваа општина.

„Ние сме со нашите вистински пријатели, со кои споделуваме живот…“, беше напишано на Твитер профилот.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Свет

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.