fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Италијанска компанија изработи плексиглас боксови за плажи

Занимливости

Италијанска компанија изработи плексиглас боксови за плажи

Италијанска компанија изработи плексиглас боксови за плажи

Италијанската компанија „Нуова Ноон“ излезе со концепт што ќе овозможи да се почитуваат мерките за социјална дистанца на плажите. Повратните информации за идејата засега не се премногу позитивни затоа што многумина тврдат дека овој концепт едноставно не е одржлив во Италија.

Ова е можеби прв пат уживањето во плажа да не звучи привлечно за многумина, а целата летна сезона е сериозно доведена во прашање заради пандемични мерки на коронавирус.
Нивната идеја се состои од „коцки“ изработени од плексиглас, во кои луѓето можат да уживаат во плажа и сонце на безбедно растојание едни од други. Кутиите се дизајнирани да им овозможат на одделни групи луѓе да избегнуваат интеракција со други посетители на плажа.

Коцките се широки две и четири и пол метри и внатре можат да се стават два столба за чадор, така што има малку простор за движење.

– Невозможно е, според мое мислење. Не знам за сите плажи во Италија, но ова решение е невозможно да се спроведе насекаде заради топлината што ја испушта плексигласот”, вели Лука Паолило, претседател на „Bagning Riviera del Conero“.

Тој додава дека некои плажи се под постојани налети на ветер, па постои опасност тој да ги „однесе“ коцките.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.