fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Млади од Македонија креираат мобилна апликација #ChallengerДома

Македонија

Млади од Македонија креираат мобилна апликација #ChallengerДома

Млади од Македонија креираат мобилна апликација #ChallengerДома

„#ChallengerДома е мобилна апликација во Македонија која ќе ги потикнува граѓаните да ги почитуваат мерките, а ќе помогне на компаниите да се рестартираат од Ковид-19“ порачуваат Теодора, Олга, Стефан и Митко.

Тие се младите од стартап компанијата Challenger кои самите на себе, си поставија предизвик апликацијата да ја лансираат наскоро.

„Епидемијата од Ковид-19 како тим не натера да размислуваме што корисно би креаирале за нашите граѓани и компании, да направиме сите заедно добро за заедницата. Токму така се роди идејата за новата апликација наречена #ChallengerДома, преку која граѓаните ќе ги мотивираме и поттикнеме да седат дома. Инаку, во оваа фаза би сакале да ги повикаме сите компании да се вклучат да бидат дел од апликацијата, се со цел сплотени да ја пребродиме економската криза. Ве уверуваме дека оваа апликација ќе е вин-вин за сите, така што очекуваме да биде прифатена како од граѓаните, така и од компаниите“ велат од Challenger.

Апликацијата #ChallengerДома се појавува во вистински момент на пазарот. Ќе може да се инсталира на сите паметни мобилни телефони, а поддржана е од Фондот за иновации и технолошки развој.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Македонија

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.