fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Како помина првото онлајн издание на Startup Weekend Skopje – Covid 19?

Технологија

Како помина првото онлајн издание на Startup Weekend Skopje – Covid 19?

Овој викенд се одржа 10-тото издание на Startup Weekend Skopje! Воедно, тој беше и првиот онлајн Startup Weekend во Македонија, и прв Startup Weekend кој се фокусира на решенија за предизвиците и последиците од Covid-19.

Овој настан претставуваше уникатна можност за оние кои имаат бизнис идеја како да му помогнат на општеството да се справи со предизвиците на пандемијата, овозможувајќи им да оформат тим, да добијат поддршка од експерти, и да ја развијат идејата за време на само 54 часа.

Startup Weekend Skopje – Covid-19 се одржа комплетно онлајн, и во него учествуваа претприемачи, студенти и ентузијасти од целата држава. Четириесетте учесници се групираа во 8 тимови, и беа поддржани од 26 стручни ментори и 4 судии. Од 8 идеи во финалето продолжија 5, и од нив како најдобри беа избрани следниве:

Трето Место – QRCrew
Апликација за шопинг која ќе им помогне на локалните бизниси поврзувајќи ги со потрошувачите преку QR технологија. Доставата исто така ќе биде еколошка, вклучувајќи доставувачи на велосипеди.

Второ место – Neighbours
Платформа за поврзување на членовите на локалната заедница за солидарна акција, донации и услуги за најзагрозените, со цел да се поттикнат локалните волонтери и да се поврзат со најзагрозените на безбеден начин.

Прво место – Ways2Help
Платформа која ги поврзува добротворните организации и луѓето кои имаат потреба од помош, како и индивидуи кои сакаат да помогнат. На неа, сите организации и невладини организации кои сакаат да и помогнат на загрозената популација во кризата, ќе можат истото да го направат онлајн. Покрај можностите за донирање, платформата нуди и опции за волонтерска работа и редовно плаќање на режиските сметки.

По трет пат и оваа година, Startup Weekend Skopje волонтерски го организираше агенцијата за иновации Solveo, со помош на бројни организации кои решија да ја подржат оваа иницијатива: BB Director, FIlip Andonov, Startup Македонија, Македонија 2025, FitKit, It Mk, Фактор MK, Точка MK, Популарно MK, Smart Portal, Радио МОФ и Бизнис Вести. Голема благодарност до сите кои го дадоа својот придонес за овој настан да се реализира и да им се помогне на тимовите да ги создадат своите решенија.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Технологија

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.