fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ЖУРКА ВО АЕРОДРОМ: В недела музички хепенинг на покривот на Џевахир Скај Сити

МК Сцена

ЖУРКА ВО АЕРОДРОМ: В недела музички хепенинг на покривот на Џевахир Скај Сити

Жителите на Аеродром и станарите на Џевахир Скај Сити комплексот, овој празничен викенд ќе можат од своите домови да уживаат во музичкиот настап во живо на Наде Талевска и Горан Наумовски, Trinity Strings и DJ Todoroff.

Музичкиот хепенинг на покривот на една од кулите од комплексот Џевахир, ќе се одржи во недела, 3 мај, со почеток во 18.45 часот.

Но истовремено, во овој настан кој е во организација на Општина Аеродром и Џевахир Скај Сити, ќе можат да уживаат и сите жители на Скопје кои ќе имаат можност да го следат live stream преносот преку FB страницата на Општина Аеродром.

Организаторите ги повикуваат сите жители на Аеродром од своите балкони или следејќи го live stream преносот во својот дом, да се приклучат на хепенингот и на овој начин, иако одвоени, сепак заедно, да поминат убава вечер во дружба.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.