fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Час за час – плати за извршена услуга со време, наместо со пари!

Македонија

Час за час – плати за извршена услуга со време, наместо со пари!

Здружението на граѓани „Младите можат“, преку креатонот на Фондот за иновација и технолошки развој, изработи нова дигитална платформа која што ќе помогне на македонците меѓусебно да ги споделуваат работите што уживаат да ги прават, притоа користејќи го времето, наместо пари, како ресурс. 

Концептот на дигиталната платформа, Временска Банка е многу едноставен:

Трошите еден час време за да му помогнете или да споделите знаење со некој друг преку вештините што вие ги поседувате, а за возврат заработувате кредит од еден час која оди во вашата временска банка. Сега вие можете да го потрошите заработениот кредит од еден час за услуга што вас ќе ви е потребна и можете да ја добиете од еден час од нечие време.

Секој час се цени исто, без оглед на извршената услуга. Секој вид услуга може да се разменува за друга. На овој начин можеш да ги запознаеш твоите соседи подобро, да помогнеш на луѓе без разлика на нивната возраст, или економски статус.

Наместо да бидат пасивни приматели на тие услуги, корисниците можат да стекнат нови вештини, да градат нови врски и да станат агенти на социјална промена во својата заедница.

Временските банки во денешни услови, во значителен размер не би биле можни без дигитализација, поточно платформа која ги прибира сите информации за часовите што секој член на банката има потреба или може да ги обезбеди.

Токму затоа, Младите можат ја лансираше дигиталната платформа chaszachas.mk која е бесплатна и достапна за сите и која ги следи часовите што членовите на банката ги заработуваат и трошат.

Платформата, која беше пуштена во употреба минатата недела, веќе брои голем број на активни членови и предизвикувачки услуги за своите корисници.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Македонија

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.