Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Прва организација во Македонија која се занимава со машко – женски односи, комуникација и личен развој

Магазин

Прва организација во Македонија која се занимава со машко – женски односи, комуникација и личен развој

Денеска ќе ве запознаеме со организацијата Golden Men Club. Организација која ја создаде првата програма во Македонија која се занимава со машко-женски односи, комуникациски вештини и личен развој. Позади оваа организација стојат основачите Марјан и Мартин кои што ќе не запознаат малку повеќе за овој проект кој веќе е активен кај нас.

1.Кажете ни што всушност претставува Golden Men Club? Како тоа ќе го приближете на нашите читатели?

Мартин: Голден Мен Клуб е прва организација во Македонија каде мажите можат да научат и да ја совладат социјалната динамика поврзана со личниот развој, комуникациските вештни и машко – женските односи како би можеле да се изградат во маж со вистински вредности. Се одлучивме да снимаме три програми за секоја област посебно зошто верувам дека тоа се суштински и темелни работи кои секој маж треба да ги знае за да биде успешен во животот. Во моментот пуштена е во продажба програмата за машко – женски односи додека останатите две за комуникација и личен развој очекувајте ги наскоро бидејќи сеуште се во изработка.

2.Што добиваат мажите кои ќе ја купат програмата за машко женски односи?

Марјан: Во програмата за машко – женски односи се фокусиравме на девет модули од кои секој модул е направен на различна тематика. Преку гледањето на тие модули еден маж ќе знае како да изгради самодоверба, како да се чувствува самоуверено и опуштено кога пред него има некоја убава девојка, треба да знае како да се претстави себе си, да знае да издржи социјален притисок и што другите луѓе мислат и кажуваат за него, да ја разбере машко – женската психологија, да знае да започне и да го прошири разговорот, да знае да се поврза на повисоко ниво со девојката и многу многу други работи.

3.Каде може да се најде програмата?

Марјан: Кога го започнавме овој проект, првичната идеја беше да одржуваме семинари во живо со ограничен број на посетители. Но поради состојбата која е таква каква што е, се одлучивме тоа да биде онлајн. На нашата веб страна www.goldenmenclub.mk сите заинтересирани можат да ја најдат програмата за машко – женски односи. Целата програма е во времетраење од 8-9 часа и луѓето ќе можат од удобноста на својот дом да ја слушаат и гледаат кога тие сакаат.

4.Што значи заведувањето од ваш агол?

Марјан: Заведувањето за мене на некој начин е да знаеш да владееш со себе. Да знаеш да се водиш, насочуваш и изградиш во маж со квалитетни карактеристики, а со тоа да можеш да привлекуваш и да имаш квалитетна девојка или девојки какви навистина заслужуваш. Да живееш животен стил кој сам по себе привлекува девојки кои ти припаѓаат тебе. Сепак, оваа програма освен на полето со девојките, ќе ви помогне едноставно да знаете како да комуницирате и да изградите квалитетен однос со сите луѓе околу вас.

5.Дали има некаква скрипта која треба да се следи за да имаш успех со девојките?

Мартин: Основата е да се чувствувате самоуверени и добро сами со себе. Немаме скрипти и такви работи, но имаме принципи и начин на размислување во кој смер можат да ги однесат работите. Имањето скрипти лично јас го сметам за нефункционално затоа што за некој маж тоа може да звучи автентично додека за друг не може. Главната поента е да има некој начин на размислување и да се разберат некои машко – женски принципи кои допридонесуваат да се изградат подобри односи помеѓу еден маж и една жена.

6.Кои вештини луѓето ќе можат да ги добијат со програмата?

Марјан: Тоа се социјални вештини кои овозможуваат да се чувствувате посигурно во друштвото и градење на здрав однос генерално со луѓето. Успехот во машко – женските односи може да влијае на успехот на работата и на семејството. Индиректните како и директните придобивки од оваа програма се навистна големи. Кога подобруваме одреден дел од нашиот живот ние го менуваме целиот живот. Кога менуваме едно мало верување кое го имаме ние повеќе не сме истата личност ние сме сосема нова личност. Да не заборавиме малите промени носат големи резултати.

7. Факт е дека во денешно време се појавија голем број на тренери и програми за личен развој. На што се базира Вашата програма и што е она што ја прави поинаква?

Мартин: Најпрво би сакал да истакнам дека досега кај нас сеуште немало програма од ваков тип која се занимава со оваа проблематика. Ова е тема за која што никаде кај нас нема каде да прочитаат или да слушнат нешто за тоа мажите. Нашата програма е базирана на многу долго истражување и собирање на факти од голем број на сертифицирани програми од надвор и истражувања. За ова морам да го истакнам Марјан кој доста инвестираше во сертифицирани програми кои што беа за оваа но и за различни други теми, па преку тоа и преку заедничкото искуство, направивме нешто што досега кај нас го немало.

8. Постоите кратко време на пазарот кај нас, но дали можете да ја видите заинтересираноста?

Мартин: Она што особено не радува е фактот дека за месец дена имаме 22 клиенти кои што ја порачаа програмата. Но, бројката не ни е толку важна колку што ни се важни нивните импресии и коментари кои што ни ги даваат откако ќе ја ислушаат целата програма. Тоа е знак дека нудиме нешто квалитетно. За сите заинтересирани, слободно можат да видат повеќе на www.goldenmenclub.mk и да отидат во делот програма каде што ќе видат детално за што станува збор.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.