Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Британски музички награди 2015: Погледнете ја целосната листа на победници

Музика

Британски музички награди 2015: Погледнете ја целосната листа на победници

Синоќа се одржаа Британските музички награди, односно шоу кое единствено по што ќе го запаметиме е паѓањето на Мадона и тоа на сцена.

Наградата за најдобар британски соло артист и најдобар албум на годината ја освои Ед Ширан, а Сем Смит се закити со наградите за глобален успех и британско откритие.

Канје Вест ја промовираше новата песна „All Day“ која е исполнета со безброј пцовки. За неговото појавување на сцена заслужна беше Ким Кардашијан, која мораше да направи едно селфи на сцена, заедно со домаќините на шоуто, Ант и Дек.

Шоуто започно со Тејлор Свифт и нејзниот хит „Blank space“, а подоцна ја прими првата британска награда во својот живот, интернационален женски соло артист.

Сепак, доделувањето на наградите го одбележа настапот на Мадона, која падна на сцената.

_81249427_madonna_pa[1]

Во продолжение погледнете ја целосната листа на победници:

Британско видео на годината: One Direction, „You and I”
Британско откритие: Сем Смит
Британски албум: Ед Ширан, Х
Британски женски соло артист: Палома Фејт
Британски машки соло артист: Ед Ширан
Британска група: Royal Blood
Интернационален машки соло артист: Фарел Вилијамс
Интернационален женски соло артист: Тејлор Свифт
Интернационална група: Foo Fighters
Избор на критичарите: Џејмс Беј
Британски продуцент: Пол Епворт
Британска песна: Марк Ронсон и Бруно Марс „Uptown Funk”
Британски глобален успех: Сем Смит

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.