Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ЕКСПЛОЗИВЕН ПРВ ДЕН: Bastille и Ellie Goulding ја стартуваа Егзит магијата на Петроварадин!

ФОТО: Емилија Стојменовска / Популарно.мк

Музика

ЕКСПЛОЗИВЕН ПРВ ДЕН: Bastille и Ellie Goulding ја стартуваа Егзит магијата на Петроварадин!

Магијата на Петроварадин започна!

По 16. пат стартуваше фестивалот Егзит во Нови Сад кој оваа година се очекува да биде најпосетен, а ветува најбогата програма досега.

Фестивалското славење започна со пуштање во воздух пна реку 1.000 хартиени фенери кои го осветлија небото над тврдината и Нови Сад, што значи старт на четиридневното фестивалско лудило кое овој викенд го окупира Петроварадин.

Оваа година фестивалот е надграден и проширен со повеќе сцени и занимливости кои се дополнителен предизвик на илјадниците посетители ширум светот.

Програмата на главната вина започна со RoadKillSoda и Repetitor кои беа само загревање на лудилото кое следуваше.

DSC_0090DSC_0121DSC_0142DSC_0219DSC_0218DSC_0201DSC_0371DSC_039213580431_10154275375688698_9171132515383791097_o
<
>

Први да го отворат фестивалот ја имаа честа британците Bastille кои приредија уникатно двочасовно шоу за паметење. Иако голем дел од песните беа промоција на нивниот последен албум, сепак не ги изоставија и големите хитови како Things We Lost In The Fire, Of The Night и Pompeii. Својата љубов кон публиката ја покажаа на начин што главниот пејач во еден момент ја прескокна оградата и се најде во стоилјадната публика пред главната бина.

Потоа следуваше вистински 15-минутен спектакл, воодушевувачки огномет го осветли небото над Нови Сад и ја остави публиката со овации и со тоа беше и официјално најавен стартот на овогодинешната Егзит авантура.

Ѕвезда на вечерта беше Ellie Goulding чие појавување на сцена едноставно ја полуде публиката. Енергична на сцената, Goulding се појави во навистина едноставен аутфит, со тренерки и јакна, впрочем и фестивалски, како што доликува.

Се редеа хитовите Beating Heart, I Need Your Love, On My Mind, а кулминација на шоуто беа големите хитови Burn и Love Me Like You Do кои беа проследени со пуштање на милион конфети во воздухот.

На останатите бини, пак, настапија Dimitri Vegas & LikeMike, Disciples и Solomun на Dance арената, Anti-flag на Explosive сцената, Urban&4 на Fusion сцената, а забавата продолжи до раните утрински часови на No Sleep Novi Sad бината, како и на останатите помали бини на тврдината.

Екипата на Популарно.мк останува во Нови Сад да ви ги пренесува сите детали од 16. издание на најдобриот европски фестивал Егзит 2016.

Во продолжение погледнете ја официјалната фотогалерија:

 

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.