Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ФОТОГАЛЕРИЈА: Жељко Самарџиќ даруваше крв во чест на роденденот на Тоше Проески

МК Сцена

ФОТОГАЛЕРИЈА: Жељко Самарџиќ даруваше крв во чест на роденденот на Тоше Проески

По повод роденденот на нашата најголема музичка икона Тоше Проески, вчера во просториите на Домот на АРМ се одржа крводарителска акција, организирана од Црвениот крст на град Скопје, Црвен крст Гази Баба, Институтот за транфузиска медицина, фан-клубот на Тоше со поддршка од волонтерите од „Клуб 25“.

Оваа традиција почна уште во 2010 година и оттогаш наваму се одржуваат по двапати во година, еднаш во јануари и еднаш во октомври.

Оваа крводарителска акција е една од најуспешните досега, со оглед на тоа дека крв даруваа 517 поддржувачи на ликот и делото на Проески.

4 (2)12 (1)
<
>

Големо изненадување за присутните беше и посетата на еден од најдобрите пријатели на Тоше, популарниот Жељко Самарџиќ, кој исто така даруваше крв.

Инаку, Самарџиќ во Скопје е присутен поради неговиот голем концерт закажан за на 13 февруари во спортската сала „Борис Трајковски“.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.