Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Гранд-гала“ на Македонската опера и балет (ФОТОГАЛЕРИЈА)

МК Сцена

„Гранд-гала“ на Македонската опера и балет (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Голем гала-концерт во чест на новата, реновирана сала, вчеравечер ја наполни Македонската опера и балет.

Концертот се одржа по повод новото гледалиште во МОБ кое е реновирано првпат после 33 години од отворањето на сцената во 1983 година.

Новата сала е со намален број на седишта, вкупно 710, за покомотно следење на настаните и пред секое седиште има лед екрани, на кои може да се следи превод од претставите, а ќе имаат и други наменски функции.

Посетителите уживаа во програмата која ја припреми ансамблот на МОБ, изведбата на Fortuna Imperatrix Mundi (од Кармина Бурана), Hello (Adele), No one is Alone (од Into the woods), Танц на сабјите (од Арам Хачатуријан), The Fifth Element (од филмот The Fifth Element), Либертанго (од Астор Пјацола), Танго (од Дуке Бојаџиев, од филмот До балчак), A Thousand Years (K.Perry), Frozen Choir Suite, Frozen Highlights, Алелуја (од Г.Ф.Хендл), Ameno (Enigma), Adiamus (од филмот Аватар).

Поради големиот интерес, вечерва ќе има реприза на концертот со почеток во 20 часот.

Инаку, на гала отворањето присуствуваа многу познати личности од јавниот живот во Македонија.

Во продолжение погледнете ја фотогалеријата:

133384840mob133384843133384834
<
>

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.