Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ОХРИД ПОВИКА НА ЗАБАВА: Ники Ромеро и Лост Фриквенсис за 1 август кој ќе се памети!

ФОТО: АТАНАС СТОЈАНОВСКИ / ПОПУЛАРНО.МК

МК Сцена

ОХРИД ПОВИКА НА ЗАБАВА: Ники Ромеро и Лост Фриквенсис за 1 август кој ќе се памети!

Синоќа се одржа првото издание на фестивалот „Охрид колинг“ на кој настапија познати диџеи од светот на електронската музика.

Продолжениот илинденски викенд го преполни Охрид, кој до раните утрински часови пулсираше во ритамот на светските диџеи Ники Ромеро и Лост Фриквенсис.

Почетокот на забавата ја означи нашиот диџеј ДуоЗ, за пред Лост Фриквенсис да настапи талентираниот Александар Галоски.

Некаде кон еден часот на големиот стејџ се појави и ѕвезда на вечерта Ники Ромеро, кој предизвика овации кај многубројната публика.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ СО ЛОСТ ФРИКВЕНСИС ЗА ПОПУЛАРНО.МК

Дефинитивно со овој настап Охрид се најде на светската мапа за најдобри електронски забави ова лето.

Само за потсетување, по журката со Ники Ромеро и Лост Фриквенсис,  во рамките на фестивалот ќе се случат уште два концерта. На 13-ти август ни доаѓа светскиот гитарски виртуоз Ал Ди Меола со ексклузивен концерт на Античкиот театар, додека на 14-ти август на стадионот „Билјанини извори“ после 10 години во Македонија ќе настапат „Д Продиџи“ – една од најголемите светски музички атракции на сите времиња.

Билетите се во продажба на сите продажни места на Купи Карти За Се и Тикет

Огранизатор на „Охрид Колинг“ е Авалон продукција.

Во продолжение погледнете ја атмосферата од првото издание на „Охрид колинг“ низ објективот на нашиот фоторепортер Атанас Стојановски:

DSC_4978DSC_5009DSC_5055DSC_5150DSC_5160DSC_5166DSC_5183DSC_5202DSC_5218DSC_5223DSC_5226DSC_5267DSC_5276DSC_5316DSC_5351DSC_5354DSC_5398DSC_5402DSC_5439DSC_5499DSC_5503
<
>

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.