Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Северина „леташе“ како змеј за Пелистерка (ФОТО)

Сцена

Северина „леташе“ како змеј за Пелистерка (ФОТО)

Хрватската поп-ѕвезда Северина, на сетот на новиот спот за „Пелистерка“, „леташе“ како змејовите од телевизиската серија „Игра на тронови“.

Како ново заштитно лице на најпознатиот македонски бренд за вода, познатата пејачка снимаше кадри на истата локација во Шибеник, каде што се реализираа и сцени за популарното шоу на „ХВО“, кое што има милиони гледачи ширум светот.

Познатата хрватска поп-пејачка и менаџментот на компанијата деновиве потпишаа договор за соработка врз основа на којшто ќе реализираат неколку големи проекти за промоција на брендот на македонскиот, но и на пазарите во регионот. Од „Пелистерка“ истакнуваат дека ја избрале Северина за заштитно лице поради нејзиниот уникатен стил и неверојатната енергија што ја поседува.

severina-i-pelisterka-02severina-i-pelisterka-01severina-i-pelisterka-04
<
>

– „Северина е поим за моќна убавина, уникатен стил и непресушна енергија, карактеристики кои што се препознатливи за нашата вода. Ја избравме Северина за заштитно лице бидејќи таа секогаш е во тек со трендовите, а „Пелистерка“ е компанија која ги поставува трендовите во нашата индустрија – велат од „Пелистерка“.

Популарната пејачка досега соработувала со реномирани светски брендови од Германија и од Швајцарија, чие е заштитно лице, а ова ѝ е прва соработка со компанија од Македонија.

– „Неверојатно сум горда што компанија од Македонија ме избра токму мене за нејзино заштитно лице. Воопшто не се двоумев дали да ја прифатам поканата бидејќи станува збор за реномирана и успешна компанија која произведува врвна вода за пиење“ – изјави Северина по потпишувањето на договорот со „Пелистерка“.

Една од најголемите и најмодерните фабрики за вода на Балканот, на компанијата Пелистерка, веќе на големо ја извезува препознатливата македонска вода на пазарите во Србија, Бугарија, Црна Гора, БиХ, Албанија и Косово. Пелистерка важи за пионерот во атрактивните промоции со познати женски личности од јавниот живот во Македонија. За следната година, засилени од Северина најавуваат интензивни и интересни активности.

Северина е една од најпознатите и најпопуларните пејачки не само во нејзината домашна Хрватска, туку и во целиот регион. Нејзината динамична кариера трае повеќе од 20 години, период во кој издаде 18 самостојни албуми и има соработувано со бројни еминентни уметници од регионот, што со право и го донесе називот поп-дива. Во 2006 година беше хрватски претставник на Евровизија, која што се одржа во Атина.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.