Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

СКОПЈЕ БУДНО ДО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ: Се одржа „Бела ноќ“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

МК Сцена

СКОПЈЕ БУДНО ДО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ: Се одржа „Бела ноќ“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вчеравечер Скопје остана будно до раните утрински часови, поради манифестацијата „Бела ноќ“ која се одржа на повеќе локации ширум градот, со разни настани и перформански.

На Плоштадот Македонија, во 21 часот, настапи француската трупа Кидам (Company des Quidams) со нејзиниот последен звучно-светлосен перформанс Горди на коњ, улична светлечка парада, а потоа се одржа театарскиот перформанс „Арка“ на полската трупата „Театарот на осмиот ден“.

Перформансот – именуван „Арка“, нè потсетува дека денес, сè уште живееме во доба на бегалци, скитници, номади, кои патуваат низ континентите и си ги затоплуваат душите со спомените од домот, без разлика дали тој дом е духовен и/или етички, небесен и/или географски, реален и/или пак имагинарен.

bela-nok-5bela-nok-4bela-nok-6bela-nok-7bela-nok-2016-1bela-nok-2016-7bela-nok-2016-14bela-nok-2016-8
<
>

Во Младинскиот Културен Центар се одржаа концерти на култната белградска група Дисциплина кичме, по повод издавањето на новата плоча именувана „Опет“, швајцарските рокенрол/блуз/гараж херои Roy & the Devil’s Motorcycle; и македонскиот инструментален пост рок квартет, Khara.

Детскиот креативен центар при МКЦ, за време на Бела ноќ беше отворен од 17 до 20 часот за децата на посетителите кои присуствуваа на работилниците Интервенција на простор „Боен амбиент“ и на Звукот како визуелна појава.
Во Денсинг салата на МКЦ се одржа DeSonanz – фестивалот на кој настапија Kumo / Jono Podmore и Amplidyne Effect & Ogie.

Во Џебното Кино на МКЦ посетителите имаа можност да присуствуваат на одличен перформанс на големите јапонски уметници Yoshio Machida и Maiko Date насловен Sound is Body, Body is Sound.

Во градско Кино Милениум како и изминатите години имаше бесплатен филмски мартон. За Белата ноќ се одржа премиерата на македонскиот кандидат за Оскар, филмот „Ослободување на Скопје“.

Во Културно информативниот центар беше поставена изложбата на фотографии на словенечки автор Горан Берток, а во Домот на културата „Кочо Рацин“ изложбата на фотографии на Ерина Богоева од Македонија.

Како и секоја година, така и оваа година, во рамките на БЕЛА НОЌ, граѓаните на град Скопје имаа можност да поминат бесплатно попладневно матине во Зоолошката градина.

Организатор на манифестацијата БЕЛА НОЌ е Младинскиот културен центар, а Градот Скопје, како покровител, за успешна реализација на оваа специфична ноќ исполнета со уметност и музика, од Буџетот за 2016 година одвои 3,5 милиони денари.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.