Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

СКОПЈЕ СЕ СМЕЕ: Денот на шегата одбележан на плоштад Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

МК Сцена

СКОПЈЕ СЕ СМЕЕ: Денот на шегата одбележан на плоштад Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Денеска, на Плоштад Македонија, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претседателката на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, беа дел од најголемата детска забава под маски „Априлијада 2016-Скопје се смее“, што традиционално ја организираат Детски културен центар „Карпош“ и Град Скопје.

– Под мотото СКОПЈЕ СЕ СМЕЕ, секоја година го одбележуваме 1 април, денот на шегата и на овој начин и нашето Скопје се приклучува кон сите европски градови коишто го прославуваат овој ден. Денеска, од претпладневните, па се до доцните вечерни часови, граѓаните на Скопје, од најмала, па до најстара возраст ќе се забавуваат, дружат и шегуваат.

Први април е денот кога децата, учениците, студентите и граѓаните на Скопје, можат да се маскираат во бетмени, кловнови, принцези и принцеви, односно во омилените ликови од цртаните филмови и стрипови, истакна градоначалникот Трајановски.

Првиот дел од манифестацијата „Априлијада“-Скопје се смее е наменета за сите училишта, градинки, деца и граѓани на град Скопје и на околината.

Во дневниот дел од забавата со маски, продефилираа многу принцови, принцези, кловнови, Маши, самовили, Супермени и Бетмени. За присутните деца настапија и фолклорната секција и балетската секција на ДКЦ „КАРПОШ“, децата од Златно славејче и Танцови групи од основните училишта од Скопје и од околината.

Aprilijada 2016 (10)Aprilijada 2016 (1)Aprilijada 2016 (2)Aprilijada 2016 (3)Aprilijada 2016 (4)Aprilijada 2016 (5)Aprilijada 2016 (6)Aprilijada 2016 (7)Aprilijada 2016 (8)Aprilijada 2016 (9)
<
>

Ноќната забава ќе почне во 21 часот, на Плоштад Македонија ќе настапат: Пиреја –Етно бенд, Коста Костовски, Кристина Арнаудова,Сашо Гигов –Гиш, Александар Тарабунов, Лаура Крлиу, Биљана Дабеска, Групата- THE NOISE MAKERS, маскирани посетители ќе продефилираат на сцената, ќе има и други изненадувања, да не откриваме се, а за крај и настап на Диџеј.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.