Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Со филмот „Ослободување на Скопје“ почна 37. фестивал „Браќа Манаки“

МК Сцена

Со филмот „Ослободување на Скопје“ почна 37. фестивал „Браќа Манаки“

Свеченото отворање се одбележа најпрво со перформансот на режисерот Мартин Кочовски и со визуелен концепт на Филип Јовановски. Преку енергичниот сценски перформанс се вообличи идејата на Кочовски да прикаже неколку животни циклуси, инспирирана од мотото на фестивалот, „Movie on”, што го толкува како да се продолѓи да се снима, но и да продолжи да се живее.

Директорот на фестивалот Благоја Куновски- Доре ги поздрави сите вљубеници во филмската уметност и го претстави жирито на фестивалот: Ајлин Алин Ташчијан, Клер Пијман, Владимир Самоиловски, Ѓокан Тирјаки и Федон Папамихаил, претседател и воедно добитник на специјалната награда Златна камера 300 за особен придонес во светката филмска уметност.

– „Многу сум среќен што го доживеав овој момент. Долго време се занимавам со филмот и не знам кога ова повторно ќе ми се случи. Им се заблагодарувам на сите што помогнаа во снимањето на овој филм, истакна легендарниот актер и режисер Раде Шербеџија по синоќешното завршување на македонската премиера на филмот „Ослободување на Скопје“ со кој беше отворен 37. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

dsc_7017dsc_7008dsc_6972dsc_7131dsc_7129dsc_7108dsc_7086dsc_7076dsc_7046dsc_7041dsc_7030dsc_7025
<
>

Во своето обраќање, претседателот Иванов потсети дека Република Македонија годинава одбележува 25 години независност, време во кое посебно во филмската уметност се постигнати големи успеси.

– Пред четврт век, Република Македонија прогласи независност. Се соочивме со речиси сите предизвици со кои може да се соочи една држава – со победи и падови, со успеси и порази. Кој и да го прочита сценариото за Република Македонија ќе види дека воопшто не ни беше здодевно во овие 25 години. Но има еден аспект од независноста со кој речиси никогаш немавме проблем, а тоа е полето на филмската уметност. На ова поле имавме импресивно филмско резиме, рече Иванов.

Тој додаде дека во филмското резиме на Македонија стои и тоа дека од државата произлегле филмски остварувања кои освоиле бројни светски награди. – Затоа треба да продолжиме да ги промовираме нашите културни уметнички вредности кои му даваат боја на сивилото, нагласи претседателот Иванов и воедно на Џон Сил, му ја врачи наградата златна „Камера 300“ за „животно дело“.

Бидејќи лауреатот на наградата за животно дело „Златна камера 300“, Роби Милер, не можеше да присуствува на свеченото отварање од здравствени причини, наградата му беше врачена на 3 јуни во Амстердам, во престижниот музеј „EYE“., на отворањето на големата ретроспективна излоѓба посветена на неговото дело. Во знак на благодарност, сопругата на Роби Милер, испрати писмо кое пред публиката го прочита нивната блиска соработничка и членка на жирито, Клер Пијман.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.