Следи нѐ
To Top

S за сигурност!

S за сигурност! https://www.popularno.mk

Од денес Популарно.мк станува целосно безбеден сајт кој нуди целосна заштита за своите посетители.

Тоа значи дека секоја посета прави безбедна и енкриптирана конекција со нашиот сервер, што значи сигурност на сите податоци кои ви ги покажуваме, или ги испраќате до нас!

За подобра безбедност и новитети воведени со новите верзии, нашиот портал премина од стариот HTTP протокол на побезбеден HTTPS протокол (тоа  „S“ е за “secure“).

Промената е потребна заради сè пониската безбедност што ја нуди обичниот HTTP протокол, како и заради најавите дека новите верзии на Гугл Хром, сите сајтови кои не се HTTPS ќе се идентификуваат како – небезбедни.

Оваа промена и имплементација е потребно да се направи на сите портали, а особено на маркетинг агенциите кои што побрзо треба да направат промени на серверите од кои ги испорачуваат рекламите. Неопходно е тие  сервери да бидат надградени на HTTPS протокол, инаку сајт со комплетна HTTPS имплементација (како нашиот) нема да може да испорачува реклами од сервери кои се само со HTTP.

error: Содржината е заштитена со авторски права.