Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ФОТОГАЛЕРИЈА: Водици 2016 во Скопје

ФОТО: МИА / ДАРКО ПОПОВ

Актуелно

ФОТОГАЛЕРИЈА: Водици 2016 во Скопје

Погледнете ја фотогалеријата од одбележувањето на Водици во Скопје

Дваесет и шестгодишниот Даниел Дончевски од скопската населба Ченто успеа меѓу 110 учесници прв да стигне до крстот во водите на Вардар, што на пладне од мостот кај „Холидеј ин“ го положи архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.  

Г.г. Стефан пред чинот на осветување на водите на реката Вардар, рече дека во ова време на искушенија, омрази и непријателства, секому му е потребно преображение, и како личности и народи.

– Потребно ни е и индивидуално и сеопшто покајание. Потребно ни е облагорадување, поголемо милосрдие, поголема љубов, надеж, вера, потенцира г.г. Стефан.

vv1v2v3v4v5v6v7v8v9v10v11
<
>

Дончевски осум пати учествувал на оваа манифестација, а ова е четврти пат како го фати крстот во Вардар, во центарот на Скопје.

– На сите христијани нека им е честит големиот празник Богојавление – Водици. Додека ќе можам ќе ги празнувам нашите празници, христијански и со многу љубов. Крстот е со мене и со сите вас. Бидете живи и здрави, им посака Дончевски на скопјани.

Тој истакна дека е израснат во верско семејство и додаде оти верува во Бога. Учеството на оваа манифесатција, како што рече, му носи среќа.

– Без разлика дали некој ќе го фати крстот или не, важно е сите да учествуваме. Оваа година беше многу убаво организирано и сите бевме во едно, и возљубени кон Бога, потенцира Дончевски.

На чинот на положување на Светиот крст во водите на реката Вардар присуствувааа претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на парламентарните избори Емил Димитриев и скопскиот градоначалник Коце Трајановски. Претседателот Димитриев му подари телевизор на Дончевски, а од Трајановски доби златник со ликот на Св. Климент и икона.

Годинава во Скопје имаше 110 учесници кои скокнаа по крстот во Вардар. Учесниците требаше да имаат навршено 18 години или ако се помали, да имаат согласност од родител и да се православни христијани. За нивното здравје и годинава се грижеа екипите на Црвениот крст на Град Скопје, како и екипи на Брза помош…

Церемонијата почна со богојавленската литургија во 9 часот во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје, а потоа поглаварот на МПЦ со свештенослужителите дојде на мостот на Вардар и ги освети водите на реката. И овој пат скопјани во голем број дојдоа да го проследат чинот на осветување на водите и положувањето на светиот крст.

Празникот Богојавление е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од Свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител, а фаќањето на крстот означува соединување на човекот со Христа. Тој важи за еден од најголемите христијански празници. Со него завршуваат 12-те т.н. некрстени денови и циклусот зимски празници како Бадник, Божик, Нова Година (Василица) и други. На Богојавление на полноќ се верува дека се отвора небото, се појавува Бог, а луѓето му се обраќаат за да им ги исполни нивните желби. Во тој миг водите престануваат да течат и стануваат лековити.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.