Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Отворена големата купола во македонското собрание (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Актуелно

Отворена големата купола во македонското собрание (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Во Собранието на Република Македонија вчеравечер беше означено завршувањето на реконструкцијата, надградбата и доградбата на објектот.

– После шест години, денес, конечно можеме со гордост да истакнеме дека најобемната и најсложената реконструкција, надградба и доградба на Собранието на Република Македонија е завршена, истакна во кусото обраќање претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски.

Во овие изминати шест години, додаде, градежните работи се изведуваа без притоа да биде нарушена работата на Собранието.

– Три парламентарни состави поминаа во знакот на изведувањето на овој исклучително сложен и по обем огромен градежен зафат. Додека посветените работници ја извршуваа својата сложена задача, пратениците, заедно со службата и со новинарите, ги извршуваа своите работни задачи, рече Вељаноски.

133381813-1133382030133382040133382046133382033
<
>

Собраниската зграда, како што кажа, е проектирана согласно највисоките стандарди.

– На идните генерации им оставаме репрезентативен објект кој ја претставува гордоста на Македонија, објект со површина поголема од 18.000 метри квадратни во кој верувам ќе се реализираат безброј значајни проекти за нашата земја, опремен со најсовремена технологија, со изградени нови простории за работа на службата, на новинарите и на пратениците, како и со реконструирање на постојните простории, рече претседателот на Парламентот.

Објектот на Собранието е изграден во 1938 година, а неговата реконструкција, надградба и доградба започна пред шест години.

– Зградата на парламентот во целост ги следи историските процеси на патот до целосното заокружување на државноста на нашата татковина. Денес, кога нашата татковина е самостојна и независна држава, оваа по обем најголема реконструкција, има и значајна симболична порака. Самиот развој и осовременување на овој објект, ја симболизира и целта за развој и за осовременување на вкупните прилики во Република Македонија, рече Вељаноски.

Присутните имаа можност да видат видео за објектот на македонското Собрание.

Завршувањето на работите на објектот беше прогласено по свечената академија по повод 11 Октомври – Денот на востанието, кое се одржа во Собранието на Република Македонија.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.