Татјана Алексиќ: Мислам „НЕ“ кажувам „ДА“ и станувам НЕ ….
Не сакам, не можам, не знам… Колку пати сте посакале некому да кажете „не“ , а сте кажале „да“ сметајќи дека така ќе му угодите на пријателот, претпоставениот, членот на семејството или себе си.
Негацијата треба да се изговори достоинствено, делотворно и внимателно, буквално како да сте му кажале некому ДА! Така ја толкува моќта на позитивното „не“ д-р Вилијам Јуриј во својата психолошка книга „Моќта на позитивното не“. Многу често, овој харвардски професор, антрополог и медијатор, е повикуван како посредник во решавањата на судири од типот на рударски штрајкови па сѐ до граѓански војни.
„НЕ“ е најупотребуваниот и најдеструктивен збор во секој јазик ,има разорна моќ кога не можеме да ја амортизираме сета негација во него. Страв од несакана реакција, губење пријателство, работна позиција, пречка кон целта или одмазда не туркаат во уште поголема стапица купувајќи мир во куќа (или каде и да е).



