Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

КОЛУМНА: Подобро здраво основно отколку нездраво среднo

Колумни

КОЛУМНА: Подобро здраво основно отколку нездраво среднo

Образованието е најскапоцен процес, дел од животот на секој човек. Сите луѓе во својот обичен живот учат. Учиме да одиме, учиме да читаме, учиме да пишуваме, да пливаме, да живееме. Но, фактот што овој процес не подразбира само учење, туку и многу други благодети е токму она што овој процес го прави скапоцен, магичен и незаменлив.

Треба ли да се започне од реформи во високото образование?

Куќата се гради од темелите, а не од покривот.

Кажете ја оваа поговорка, и кажано е сè. Одговорот на ова прашање е целосно отелотворен во семантичкиот простор на нејзиното име.

Реформата-државен испит.

Државен испит, дури и кога би имало, тој треба да ја претставува јаготката на шлагот. Потврда на стекнатото знаење на студентите. Потврда дека студентот знае да мисли и расудува, знае да направи врска меѓу сите знаења со кои се здобил во образованието. Но, во нашава ситуација шлагот го нема, а богами и тортата е расипана. И тоа не е резултат само на случувањата сега. Напротив, тоа е резултат на сè она што со години и години наназад се случувало во нашето кутро образование.

Тоа е резултат на несовесните ученици кои се трудат да поминат преку сè, за да ја остварат својата цел, резултат на несовесните наставници (за жал, повеќе се вакви) на кои воопшто не им е гајле дали нивните ученици разбрале нешто, дали научиле нешто, туку единствена грижа им е да си ја земат платата за која “работат”. Резултат на необјективните оцени, неправдите кои учениците ги трпат. Едноставно, гледајќи ги сцените кои ни се случуваат во образованието, се доловува чувството на Данте кое тој го имал, кога Вергилиј го повел до вратата на пеколот, на која пишувало: “ЗАСЕКОГАШ ОТКАЖИ СЕ ОД НАДЕЖ”.

Подобро здраво основно отколку нездраво среднo

Замислете само колку пописмени и пообразовани кадри би се произвеле доколку основното образование e како што треба. Но, што се подразбира под реченицата: основното образование e како што треба ?

Сигурно дека не се подразбира вработување на се и сешто, со врски и со партиски книшки. Сигурно дека не се подразбира добивање нереални оцени (корумпирани оцени, оцени на стара слава, високи оцени поради емотивни причини). Сигурно дека не подразбира задолжително средно образование, т.е. приморување на учење и на оние за кои тоа претставува мачење. Не за џабе рекле: СО СИЛА УБАВИНА НЕ БИДУВА. Ако учењето не се прави со љубов, тоа може да има само негативни ефекти.

За Популарно.мк колумната ја напиша Црноризец Храбар.

СТАВОВИТЕ ИСКАЖАНИ ВО КОЛУМНИТЕ НЕ СЕ СЕКОГАШ ОДРАЗ НА МИСЛЕЊЕТО НА РЕДАКЦИЈАТА НА ИНФОРМАТИВНИОТ ВЕБ САЈТ ПОПУЛАРНО.МК. 

Учениците ја обожаваат поради нејзината непосредност, пријателски однос и смисла за хумор. Професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“, Татјана Алексиќ е негувана дама која држи до себе.

Повеќе од Колумни

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.