Колумни
Татјана Алексиќ: Природата не знае за награди и казни… но знае за последици
Употреби ја твојата моќ и промени ги климатските промени, лајт – мотивот на овогодишната светска волонтерска акција ,,Часот на планетата Земја,,!
Романтичарите создадоа брилијантни дела инспирирани од природата кон која изградија култ поистоветувајќи ги своите чувства со неа, нејзиното Височество ПРИРОДА чија моќ е боговска. Казните од Боговите во митологијата во облик на грмежи, врнежи, суши, поплави и потопи не стасаа… Промислениот и мудар Прометеј го украл огнот од небото да им го подари на луѓето поради што бил казнет од боговите. Неговиот непромислен брат Епитемеј, оној кој мисли отпосле, ќе ја натера Пандора да ја отвори кутијата од каде ќе излезат сите зла на човештво…
Кога фантазијата станува реалност се раѓа генијалност, нобеловецот Никола Тесла ќе му го подари на светот трофазниот систем за пренос на електрична енергија. За да не бидеме казнети поради нашето непромислено трошење електрична енергија, треба да мислиме и делуваме за однапред, што би кажал нашиот Мисирков!



