Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Големата преселба на народите на интернет порталите

Колумни

Големата преселба на народите на интернет порталите

Големата преселба на народите на интернет порталите

Историското време на големата преселба на народите го означува преодот од доцниот антички период кон средовековието, поради познатите причини за побезбедни живеалишта. Историјата се повторува, во посуптилна форма на војна.

Луѓето се преселуваат таму каде што мислат дека ќе имаат подобар живот, од стан во куќа, од село во град, од држава во држава… Некои нужно се преселуваат од слобода во зандана. Но повеќето не капира дека народот од целиот свет се преселува во новиот отворен затвор, опасно отворен, доволно комфорен и податлив за сите. За таквата преселба ти требаат компјутер, струја и претплата.

Во ерата на електронската комуникација, светот суптилно се пресели од реалноста во виртуелноста, ова е време на големата преселба на народите во паралелниот компјутерски свет. Сѐ повеќе, почесто и порадикално гледаме преобразување на луѓето во вештачки, виртуелни објекти кои живеат во и за компјутерската анимација на реалниот живот. Кога ќе дојде време за реанимација на реалниот живот, доцна ќе е, оти на народот ќе му треба многу повеќе ментална енергија од енергично извлекување на кабел од струја.

Умрежени и уструени се преселивме во зоната на компјутерската интелигенција, неа не можеш да ја исклучиш кога ќе посакаш, ѝ се навлекуваме. Приклучени сме на најглобалната голема преселба на народите во виртуелниот свет! Сѐ се дознава, гледа и слуша преку електронските медиуми, сѐ мора јавно да се покаже за да се добијат ,,трајни вредности” за разни баналности и тривијалности.

Сите сме актери и јавни фаци, политичари и судии, инфлуесери и трендсетери низ електронските етери. Се отселивме од реалноста и со тело и со ум…logout! Пресудено.

Учениците ја обожаваат поради нејзината непосредност, пријателски однос и смисла за хумор. Професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“, Татјана Алексиќ е негувана дама која држи до себе.

Повеќе од Колумни

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.