fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

#ПромовирајДомашно

Интернет магазинот Популарно.мк објавува јавен повик за промовирање на актуелни кампањи на македонски компании погодени од корона кризата.

Во текот на своето осум годишно постоење, нашиот медиум и маркетинг агенција од секогаш биле активно вклучени во промовирањето на македонскиот производ, музика, природа, храна… Со цел поддршка на домашното стопанство во овие тешки периоди, решивме да ја стартуваме кампањата #ПромовирајДомашно преку која ќе понудиме на македонските компании бесплатен маркетинг простор на нашиот сајт.

Сите апликации ќе бидат внимателно разгледани од страна на нашиот маркетинг тим, а одбраните компании ќе бидат директно контактирани за активирање на нивните кампањи.

Пакетот на маркетинг услуги кои ќе го понудиме се ПР текстови, интервјуа и рекламни банери.

3 причини да аплицирате за проектот #ПромовирајДомашно

  • Добивате можност за бесплатен простор за рекламирање
  • Оптимален медиумски микс за рекламирање
  • Можност за зголемување на продажбата на Вашите продукти и услуги

За да можете да се пријавите за кампањата #ПромовирајДомашно потребно е Вашето претпријатије да е микро или мало или да сте самостоен вршител на дејност. Исто така потребно е Вашето пртпријатие да имате седиште или постојан престој во земјата и да продавате или произведувате производи или услуги во рамки на РСМ.

Со овој проект ги поддржуваме микро и малите претпријатија од индустриите односно оние дејности кои се најпогодени од кризата, а тоа се: здравство, угостителските услуги, туризам, услуги за убавина, трговија на мало, земјоделство, култура, транспорт, едукација и фитнес центрите.

Јавниот повик трае до 31.12.2020. Компаниите ќе бидат контактирани по редоследот на примени апликации, но не подоцна од 14 дена од денот на пријавувањето.

Една компанија може да аплицира само со една кампања во целото времетраење на јавниот повик.

 

АПЛИЦИРАЈ

 

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.