Занимливости
Шармантниот Караман од серијата „Во виорот на судбината“ слави роденден на синот
Турскиот актер Озкан Дениз, кој на македонската публика ѝ е познат како Караман од серијата „Во виорот на судбината“, минатата година се ожени по трет пат, овојпат со модната дизајнерка Самар Дадгар која е 22 години помлада од него. На својот инстаграм профил таа објави фотографии од роденденската забава за 6-от роденден на Кузеј, синот кој актерот го има со претходната жена.
Обожавателите на актерот побрзаа во коментари да му честитаат на славеникот, а од бројот на коментари евидентна е популарноста на Озкан Дениз. Тој на јавноста најмногу и е познат како актер во популарните турски серии, а од 1994 се појавува во 16 филмски и ТВ проекти. Во некои од нив освен актер е и продуцент, сценарист и режисер. Најголемата слава ја стекнува во серијата „Во виорот на судбината“ (2014) во улогата на Караман.





